Историја на Општина Бутел

Општина Бутел се наоѓа во северозападниот дел на Република Северна Македонија, поточно во северниот дел на Скопската Котлина. Таа е најнова и една од најмалите скопски општини основана во 2005 година, согласно Законот за територијална организација на локалната самоуправа и Законот за Град Скопје донесени на 16.08.2004 г. Општината има пет населби распослани на 54,71 км2: Скопје – Бутел, Визбегово, Љубанци, Љуботен и Радишани. Сите тие се низински, сместени во подножјето на убавиот планински масив Скопска Црна Гора.

Во Општината живеат 36.154 жители ( според последниот попис од 2002 година ), со што таа е рангирана на осмото место од вкупно десетте скопски општини.Составот на населението според националната припадност е следен: Македонци се 62,2%; Албанци се 25,18%; Турци се 3,6%; Срби се 2,8% и др. Најмногу жители има во Скопје-Бутел 20 943 ( тоа се жители од населените места: Бутел1, Бутел2, Скопје-Север и Расадник), потоа во Радишани живеат 9 123 жители ( населба и село Радишани, Бел Камен, дел од Кучевишка Бара и Љуботенски Пат), Визбегово со 3000 жители, во Љуботен живеат 2 343 жители, а во Љубанци 928 жители.

На територијата на Општина Бутел има седум основни училишта за кои е надлежна локалната самоуправа: Св. Климент Охридски, Панајот Гиновски, Петар Здравковски Пенко, Ацо Шопов, Живко Брајковски, Гоце Делчев и Лиман Каба. Во нив се школуваат над 5000 ученици. Во Општината има и две државни средни училишта и еден приватен колеџ: ,,Арсениј Јовков,, за економски и правни науки, гимназијата ,,Зеф Љуш Марку,, и колеџот ,,Јахја Кемал,,. За најмладите од предучилишна возраст, постои и функционира ЈУДГ ,,11 Октомври,, со 6 клона, односно работни единици, во кои се згрижени над 800 деца од Општина Бутел. Од другите јавни установи на територијата на општината, покрај подрачните единици на министерствата, егзистира и Заводот за рехабилиација на деца и младинци.

Такви се: Женскиот манастир ,,Св. Никола,, во Љубанци, црквата ,,Св. Никола во Љуботен, старата и новата џамија во Љуботен, старата и многу значајна црквичка ,,Св. Никола,, во Радишани од 13 век, како и цркавата ,,Св. Наум,, во Радишани каде што се погребани двајцата Архиепископи на МПЦ: Г.Г. Михаил и Г.Г. Гаврил. Црквите посветени на ,,Св. Никола,, во Радишани и во Љуботен се ставени под заштита на дражавата, како и конакот на женскиот манастир во Љубанци. Исто така, во атарот на Визбегово, се наоѓа познатиот ,,Аквадукт,, или римски водовод кој е целосно сочуван и е еден од ретките во светски рамки.

Сепак, Општина Бутел е општина на иднината. Еколошка и со големи предиспозиции за развој на малите и средни претпријатија во сите области на лесната и незагадувачката индустрија. Таква е индустриската зона во Визбегово и останатите две кои се во подем: ИЗ ,,Расадник,, и ИЗ ,,Љуботенски Пат,,.

Предусловите за забрзан равој на Оптината од аспект на инфраструктурата и патниот и железничкиот сообраќај се заокружени со изградбата на: Скопската обиколница, булеварот ,,Словенија,, а во тек е изградбата на втората фаза и на бул. ,,Христјан Тодоровски Карпош,, како и проширувањето на бул. ,,Босна и Херцеговина,,. Набрзо Јужната магистрала која минува покрај Визбегово ќе биде трансформирана во булеварско решение по изградбата на автопатот кон Косово.

Close Search Window