Велимир Смилевски е роден на 26.10.1976 година во Скопје. Основно образование завршил во ОУ,,Панајот Гиновски,,
(поранешно Доситеј Обрадовиќ) во населбата Бутел 2. По завршувањето на средното образование ќе се запише и ќе дипломира на економскиот факултет на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј,, во Скопје како Финансиски Сметководствен Менаџер.
Својата кариера на успешен економист ќе започне да ја гради во приватниот сектор. Основа своја фирма во 2001година која со текот на годините станува стабилна и успешна компанија. Велимир Смилевски има удели во повеќе македонски компании.
Својата политичка кариера ја започнува во СДСМ Бутел и по сите скалила се качува до претседател на Општинска организација.
Учествува на повеќе светски форуми како представник од СДСМ од Македонија.
Во периодот од 2013 – 2017 година беше советник во Советот на Општина Бутел од редовите на СДСМ.
На локалните избори одржани во октомври 2017 е избран за градоначалник на Општина Бутел.
Велимир Смилевски е оженет и татко на две малолетни деца.
ПОНЕДЕЛНИК – ПЕТОК: од 08:00 до 16:00 часот
(Пауза од 12:00 до 12:30 часот)
АДРЕСА: ул. Бутелска број 4, Скопје