Активности|

Вчеравечер, понеделник ( 02.12 2019), во преполната сала на Општина Бутел, беше отворена ликовната изложба на делата од деветтата ликовна колонија ,,Љубанци 2019,,.

Станува збор за 28 дела на 19 ликовни уметници учесници на последната ликова колонија, што веќе традиционално, се одржува во живописното Љубанци. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да видат: 25 слики, две скулптури во метал и една скулптура во дрво.

Градоначалникот Велимир Смилевски, изрази задоволство од квалитетот на уметничките дела и им заблагодари на уметниците за учеството на последната ликовна колонија ,,Љубанци 2019,, со надеж дека нивното учество на наредната, јубилејна 10-та ликовна колонија ќе биде помасовно и попродуктивно. Исто така, Смилевски ги поздрави граѓаните за нивното присуство со забелешка дека, навистина е голем бројот на љубителите на ликовната уметност во Општина Бутел.

Инаку, на последната ликовна колонија, што се одржа во јуни месец во Љубанци, покрај нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Харалампие Манчев, Оливер Настески, Гоце Божурсаки, Ели Чочова и други,  учествуваа и уметниците од Србија: Владан Ранѓеловиќ и Вукашин Станковиќ.

На изложбата беше промовиран специјално подготвениот каталог: Деветта ликовна колонија ,,Љубанци 2019,, во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

На изложбата беа наградени и најубавите четири детски цртежи насликани на ,,Детскиот ден,, во рамките на ликовната колонија. Ликовната изложба на делата од ликовната колонија ,,Љубанци 2019,, ќе биде отворена до 06.12.2019 година.

Comments are closed.

Close Search Window
error: Alert: Содржината е заштитена !!