Денеска, 11.11.2019 г. градоначалникот Велимир Смилевски, направи презентација на реализираното во изминатите две години од неговиот мандат.
Тој се осврна на сите области што се во надлежност на Општина Бутел, како и на проектите што заедно се реализирани со Град Скопје.
Реализираните проекти беа претставени преку видео презентација, а воедно беше промовирано и печатеното издание со наслов: ,,Градиме иднина за Бутел 2017-2019,,.
Во својот вовед градоначалникот Смилевски ги истакна поважните реализирани проекти и оние што се во тек како што се:
- Реконструкција и проширување на патот Бутел – Љуботен во должина од 6 км.
- Проктите во врска со реката Серава
- Реконструкцијата на повеќе од 20 улици
- Изградбата на булеварите: Христијан Тодоровски Карпош, Босна и Херцеговина, како и улицата Александар Урдаревски ( кон Градските гробишта Бутел).
- Мега проектот за атмосферска канализација на Бутелска, Александар Урдаревски и Марко Крале.
- Новото улично осветлување и 3,5 км. долгата нова електрична инсталација.
- Вложувањата во училиштата и градинките, животната средина, културата и спортот.
Сите заинтересирани, подеталните информации за реализираните проекти во изминатите две години можат да ги најдат во електронското издание на брошурата која што е објавена на веб страницата на Општината, како и на фејсбук.