Активности|

На ден 13ти и 14ти Ноември, Општина Бутел и Здружението на уметници ракотворци
,,АРТИ КРАФТ’’ – Скопје со почеток во 11 часот, Ве покануваат заеднички да ја поддржиме 3та по ред културна манифестација Есенски Базар 2019 година.
Манифестацијата ќе се одржи во паркот спроти административната зграда на Општина Бутел.

Традицијата и обичаите како на нашата земја така и на земјите од регионот (Србија, Косово,Црна Гора, Албанија, Турција) ќе бидат афирмирани низ домашните ракотворби изработени на повеќе од
25 ракотворци. За прв пат оваа година културната манифестација ќе биде збогатена со присуство на 12 амбасадори на мирот од повеќе земји.

За сите подетални информации, граѓаните може да се информираат на телефонскиот број 02/600 – 507, локал 122.

Comments are closed.

Close Search Window
error: Alert: Содржината е заштитена !!