Активности|

Денесека, 15.10.2019 г. (вторник), во Општина Бутел
започна есенската дератизација на целата нејзина територија.
Всушност, ќе бидат дератизирани 1 200 шахти со по два мамци.
Во текот на денешниот ден се изврши дератизација во
населените места: Љубанци, населбата и селото Радишани. Во
текот на утрешниот ден ќе бидат опфатени населбите: Расадник,
Бутел 1 и 2, Скопје север и Визбегово.
Правецот на дератизација е од север кон југ заради
поголема ефикасност во уништувањето на глодарите.
Дератизацијата ја извршува Центарот за јавно здравје,
Скопје, а средствата се обезбедени од буџетот на Општина
Бутел.

Comments are closed.

Close Search Window