Активности|

Градоначалникот Велимир Смилевски присуствуваше на обуката за интерактивните табли во ОУ ,,Живко Брајковски,,.

Инаку, обуките траат цела недела во сите седум основни училишта. Да потсетиме дека во текот на летото беа набавени 50 инерактивни табли кои се соодветно поделени по училиштата во зависност од бројот на учениците.

Така, Св. Климент Охридски, Ацо Шопов, Живко Брајковски и Панајот Гиновски добија по 8 инерактивни табли, Гоце Делчев и Лиман Каба по 4 и Патар Здравковски Пенко 10 инерактивни табли.

Со помош на овие современи помагала се унапредува наставата во сите училишта. Тие се придобивка и олеснување и за учениците и за наставниците.

Comments are closed.

Close Search Window
error: Alert: Содржината е заштитена !!