Активности|

Претседателот Ставо Пендаровски и Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски,денеска ги посетија првачињата од Основното училиште „Панејот Гиновски” во Општина Бутел, каде и тие го имаат завршено своето основно образование.
Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, во своето обраќање пред првачињата, посочи дека претставува чест да се обрати пред претседател на држава во училиштето во кое и тој учел.

– Тоа е добар знак за сите ученици дека ова училиште може да извади квалитетни кадри, кои ќе ја претставуваат нашата општина и нашата држава, порача Смилевски.
Претседателот Пендаровски нагласи дека училиштето било и е мултиетничко и дека тоа е предност во животот и не треба да ги попречува во правењето пријателства.
– Не се сомневам дека и вие како и јас пред многу години ќе си направите пријатели за цел живот и дека со радост ќе се сеќавате на ова училиште, изјави Пендаровски.

После посетата на првачињата и официјалното означување на новата учебна година,претседателот и градоначалникот се упатија во посета на нивната одделенска наставничка со која ги имаат започнато првите школски чекори во ОУ “Панајот Гиновски” во Бутел 2.

Comments are closed.

Close Search Window