Активности|

Денес ЦКРМ-Општинска организација Чаир одржа освежителен курс по прва помош за вработените во општинската администрација на општина Бутел.

Градоначалникот Велимир Смилевски во своето видео обраќање по повод вклучувањето на локалната самоуправа на општина Бутел во оваа кампања, ги повика сите заинтересирани возачи да го освежат своите знаења бесплатно преку овој курс за прва помош во просториите на ЦКРСМ-Општинска организација Чаир.

Основната цел на оваа кампања под мотото “Твоето незнаење чини живот” е да се освежат знаењата на возачите,да се подигне јавната свест и одговорност за потребата за познавање на Првата помош при сообраќајни незгоди.

Comments are closed.

Close Search Window