Активности|

За мерката поврат на 15 отсто од пресметаниот ДДВ разговараше со купувачите. 
Смилевски истакна дека МојДДВ е корисна мерка за граѓаните и за државата. 

“Додека трошат, граѓаните фактички и штедат, бидејќи на секои три месеци на нивните трансакциски сметки им се враќаат парични средства. Според последните информации, скенирани се над 9 милиони фискални сметки. МојДДВ е уште една од многуте мерки кои придонесуваат за намалување на сивата економија”

Со посилен буџет и општините ќе имаат можност да реализираат проекти коишто се на барање на граѓаните. 

Смилевски рече дека апликацијата МојДДВ ја користи од првиот ден и ги повика граѓаните кои досега не ја користеле, да го остарат тоа со цел да го остварат правото на поврат.

Comments are closed.

Close Search Window