Активности|

Денеска, Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски, присуствуваше на увид во градежните активности, кои започнаа да се одвиваат на улица Индира Ганди во Шуто Оризари.

Град Скопје ја започнува првата фаза од реконструкцијата на коловозот на ул.Индира Ганди, во вкупна должина од 1.100 метри на потегот од раскрсницата со улицата Босна и Херцеговина и булеварот Словенија до улицата Бутелски венец.

Со реконструкцијата на оваа улица која се одвива после повеќе децении, значително ќе се подобри инфраструктурата во делот кој ги зафаќа општините Бутел и Шуто Оризари и воедно ќе се обезбеди функционален,модерен и безбеден сообраќај за граѓаните

Comments are closed.

Close Search Window