Активности|

Денеска, 15.07.2019 г. градоначалникот Велимир Смилевски ја промовираше набавката на 50-те интерактивни табли за сите основни училишта во Општина Бутел.

Исто така набавени се и 50 проектори со ултра кратка проекција.Подновени,со најразлични реквизити, ќе бидат и спортските сали. 

Набавени се: душеци, топки за сите екипни спортови, мрежи и рекети за пин понг, табли и конструкциии за кош и др.Исто така,набавени се наставни помагала за деца со посебни потреби: графомоторичка табла, сложувалки со букви,со возила и животни, со магнет, со броеви, со часовник, како и креативен сет за нижење. По еден ваков комплет ќе добијат сите седум основни училишта.

Градоначалникот Смилевски истакна дека Општината во континуитет се грижи за унапредување на наставата во основните училишта за сите ученици и особено за учениците со посебни потреби кои посетуваат редовна настава.

Обуката за наставниците за работење на интерактивните табли ќе се одржи во месец август, додаде Смилевски. 

Целата оваа училишна набавка е во вредност од 
3.763.595,00 ден.Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

Comments are closed.

Close Search Window