Активности|

Општина Бутел за прв пат го имплементираше проектот “Асистенти на деца со пречки во развојот” произлезен од Програмата “Општинско-корисна работа” поддржана од УНДП, Министерство за труд и социјална политика и Агенција за вработување.

Во склоп на проектот се одвиваа две активности,и тоа
-Ангажирање на лични асистенти
-Ангажирање на образовни асистенти
Првата активност се состоеше од вкучување на 11 лица во основното образование за 11 крајни корисници со одредена попреченост,кои се вклучени во редовниот процес на образование.

Втората активност се состоеше од вклучување на 3 лица исто така во основното образование за 3 крајни корисници кои присуствуваа секојдневно во совладување на наставниот материјал.Овие две активности се реализираа во текот на учебната 2018/2019 година.

Денес, 02.07.2019 година, на сите ангажирани лица им беа доделени потврди за учество и успешно реализирани активности од општината, како и Сертификати за учество во стручната служба организирана од страна на УНДП.

Comments are closed.

Close Search Window