Активности|

Денеска,17.06.2019 г, во Општина Бутел, градоначалникот   Велимир   Смилевски   ја   отвори   изложбата   на ликовниот уметник од Ниш, Србија, Владан Ранѓеловиќ.

Во холот на Општината изложени се 20 негови слики од циклусот ЦРВЕНА ИГРА. Владан Ранѓеловиќ е повеќегодишен учесник на ликовната колонија во Љубанци со што со право можеме да го наречеме доајен на колонијата.

Инаку, Владан Ранќеловиќ е роден во Ниш, Р. Србија на 22.04.1975 г. Завршил сликарство, а магистрирал вајарство на факултетот за ликовни уметности во Приштина.

Покрај тоа што е познат   и   афирмиран   ликовен   уметник   во   Р.Србија, тој   е   и професор на Факултетот за ликовни уметности во Ниш.

Досега има одржано над 35 самостојни изложби во Србија и Европа, а има учествувано и во над 150 групни изложби.Изложбата ќе биде отворена до 26.06.2019 г.

Comments are closed.

Close Search Window