Активности|

Денес, 05.06.2019 година, Градоначалникот на општина Бутел г-дин Велимир Смилевски, заедно со градоначалниците на Гази Баба, Ѓорче Петров , Штип и Велес, присуствуваше на Конференција на тема : Бела книга ” Економски и одржлив развој на Балканот “, одржана во Софија.

Во присуство на претставници од Европската Унија, заменици министри од Р.Бугарија, градоначалници, дипломати, преставници од Р.Србија, беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу Општина Бутел и Балканскиот Институт за одржлив развој, со цел развивање на стратешки и бизнис партнерства со земји од Балканот и Европската Унија.

Исто така, на конференцијата за прв пат беше промовирана “Белата книга за економски и одржлив развој на Балканот” , во која е презентирана и општина Бутел со своите добри практики од истата област.

Comments are closed.

Close Search Window