Активности|

Утре, среда, 22.05.2019 г. во паркот пред Општина Бутел, во 11,00 ч. ќе се одржи завршната презентација на проектот: ,,Јакнење на мултиетничката соработка во општините,,.

          Градоначалникот Велимир Смилевски ќе ги поздрави учесниците во проектот во кој Општина Бутел учествува седма година по ред. Инаку, проектот за јакнење на мултиетничката соработка е поддржан од ,,Детската фондација Песталоци,, од Швајцарија, а е имплементиран од МЦГО, Македонскиот центар за граѓанско образование.

          Во оваа завршна годишна активност ќе учествуваат 100 – на ученици од три основни училишта од Општина Бутел: Живко Брајковски, Панајот Гиновски и Петар Здавковски Пенко. Секциите од трите училишта ќе ги презентираат резултатите од сработеното во текот на изминатата школска година.

На оваа завршна манифестација ќе биде промовирана и поделена специјалната брошура за проектот преку кој се јакне мултиетничката соработка.

Comments are closed.

Close Search Window