Активности|

Делегација на Општина Бутел предводена од Градоначалникот г-дин Велимир Смилевски,а во соработка со Општина Врачар, Здружението на граѓани “Интеркултура” од Скопје, делегацијата на ЕУ во Р.Србија на чело со г-динот Сем Фабрици, како и многу други Општини и организации од Словенија, Србија, БиХ, денес присуствуваа на дводневен семинар во Белград Р.Србија, како поддржувачи на проектот “Избери ја Европа”.

Целта на проектот е да се поттикнат и охрабрат младите од 15 до 29 години, од сите земји, поактивно да се вклучат во процесите на донесување одлуки на сите нивоа во својата држава, со што тие би прераснале во главни носители на промените и изборите во државата, а со самото тоа и во Европската Унија.

Comments are closed.

Close Search Window