Новости

ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА НА НАТАША РАДОСАВЉЕВИЌ

Денеска, 14.06.2018 во холот на Општина Бутел беше отворена ликовната изложба на уметницата и поетеса од Белград, Наташа Радосављевиќ.

Пртеставени се нејзини 15 ликовни дела насликани во техниката масло на платно.

Видната српска сликарка и поетеса за првпат учествува на осмата ликовна колонија ,,Љубанци 2018,, што се одржува по осми пат во живописното Љубанци.

Изложбата ја отвори градоначалникот Велимир Смилевски, а свое обраќање имаше и авторката на сликите, Наташа Радосављевиќ, како и конзулот на Монголија во Македонија, Литов Намдаг Јанчивин.

Изложбата ќе биде отворена до 20.06.2018 г

      

Претставници од Општина Бутел и Младинскиот Совет на Општина Бутел присуствуваа на настанот „ЕВРОПА ЗБОРУВА„

Претставници од Општина Бутел и Младинскиот Совет на Општина Бутел присуствуваа на настанот „ЕВРОПА ЗБОРУВА„ кој беше реализиран во периодот од 10 до 13 мај 2018 година во Белград, Србија.Организатор на настанот беше Општина Врачар, Белград и Здружението на граѓани Либеро од Белград, во партнерство со Организацијата “Прони” од Брчко, Организацијата за културна соработка Интеркултура од Скопје, “Млади Змаји” од Љубљана и меѓународната организација “Оут оф тхе бокс”, со присуство на претставници на локалните власти од Општина Врачар – Белград Општина Бутел – Скопје, Брчко и Љубљана. Овој проект е поддржан од програмата “Европа за граѓаните” на Европската унија. Учесниците во овој проект, како и голем број заинтересирани граѓани, имаа можност преку бројни активности да се запознаат подобро со Европската унија и да добијат корисни, објективни и точни информации за вредностите и политичкиот систем на ЕУ. Младите луѓе имаа можност да разговараат за Европската Унија и да разменат искуства во оваа област со своите врсници од други земји преку работилници и интеркултурни активности на различни локации во општина Врачар.

Европскиот првак во хип- хоп за 2017 год Мила Србиновска, во посета на градоначалникот Велимир Смилевски

Во Петокот градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, оствари средба со Мила Србиновска, европски првак во хип- хоп за 2017 година, во категоријата соло мини деца.

(more…)

МЛАДИТЕ ИНТЕГРИРАНО ДЕЛУВААТ ЛОКАЛНО

На 10 мај среда)  2018 година, во преполната голема сала на Општина Бутел се одржаа ,,Младинските разговори“ на тема „Младите интегрирано делуваат локално“ во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од страна на Македонски центар за граѓанско образование, во партнерство со Младински образовен форум.

На настанот учество зедоа повеќе од 100-тина ученици и наставници од основните и средните училишта вклучени во првата фаза на Проектот, кои дискутираа на теми што се од значење за младите од оваа општина.

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави присутните и изрази големо задоволство што овој проект се одржува во Општина Бутел и ги замоли присутните млади да ги постават сите прашања што ги засегаат, но и да инсистираат да ги добијат сите одговори.

Освен градоначалникот Смилевски други панелисти на трибината беа: Џевахире Пруси Зајази – координатор на  Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Катерина Ничевска Мартиновска – директор на ОУ ,,Панајот Гиновски,, Верче Петрова – наставник од ОУ ,,Живко Брајковски,, и претседателот на младинскиот образовен форум, Стефани Спировска.

Настанот има за цел да им овозможи на младите ученици подобрување на културата на дијалогот, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.

ОТВОРЕНА ЗА ГРАЃАНИТЕ ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ,,ЉУБАНЦИ 2015/16/17,,

Синоќа, 25.04.2018 г. (среда) во големата сала на Општина Бутел беше отворена ликовната изложба на делата создадени на ликовните колонии ,,Љубанци 2015/16/17,,.

Станува збор за 50 дела на 28 ликовни уметници учесници на последните три одржани ликовни колонии во живописното Љубанци. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да видат: 44 слики, два релјефа во дрво, три скулптури во дрво и една скулптура во мермер.

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави присутните, изрази задоволство од бројот, но и од квалитетот на уметничките дела и порача дека негувањето и растежот на ликовната традиција во Општина Бутел ќе продолжи. Веќе во јуни ќе ја одржиме осмата ликовна колонија ,,Љубанци 2018,, – истакна градоначалникот Смилевски.

Покрај уметничките дела на нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Орце Гогов, Новица Трајковски, Харалампие Манчев и други,можеа да се видат и сликите на уметниците од Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Станува збор за истакнатите ликовни уметници: Боштјан Плесничар, Владан Ранѓеловиќ, Ирена Ранѓел, Теодора Јанушка, Мита Ристиќ и др.

На изложбата беше промовиран специјално подготвениот каталог во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

Атмосферата на ликовната изложба беше збогатена со настапот на гудачкиот квартет ,,Полихимнија,, од Скопје.

За сите љубители на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 04.05.2018 г

ОТВОРАЊЕ НА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ,,ЉУБАНЦИ 2015/16/17,,

Во Општина Бутел (голема сала), утре, 25.04.2018 г. (среда) во 19,00 ч. ќе биде отворена ликовната изложба на делата создадени на ликовните колонии ,,Љубанци 2015/16/17,,.

Станува збор за 50 дела на 28 ликовни уметници учесници на последните три одржани ликовни колонии во живописното Љубанци. Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да видат: 44 слики, два релјефа во дрво, три скулптури во дрво и една скулптура во мермер.

На изминатите три ликовни колонии, покрај нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Орце Гогов, Новица Трајковски, Харалампие Манчев и други, сликаа и уметници од Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Станува збор за истакнатите уметници: Боштјан Плесничар, Владан Ранѓеловиќ, Ирена Ранѓел, Теодора Јанушка, Мита Ристиќ и др.

На изложбата ќе биде промовиран специјално подготвениот каталог во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

Исто така, ликовната изложба ќе биде збогатена со настапот на гудачкиот квартет ,,Полихимнија,, од Скопје

 

Во Општина Бутел денеска, 11.04.2018 беше отворена културната манифестација ,,Цветници 2018,,.

Станува збор за изложба на 30 – на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора на колекционерот Достана Караѓозовска Станковска.

На етно изложбата се презентирани и  ракотворбите ( везеници и ткаеници) на членовите на ЗУР Арти Крафт, инспирирани од народното богатство на Македонија.

Градоначалникот Велимир Смилевски ја поздрави оваа прва манифестација, чија цел е да се заштити културното наследство на нашите претци и порача дека нејзиното одржување ќе стане традиционално.

Свеченото отворање на етно изложбата беше збогатено со настапот на членовите на КУД ,,Плетеница,, под раководство на Жаклина Богдановска и со повеќе изворни народни песни во изведба на хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на Општина Бутел.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2018 г.

Реализирани проекти во првите 100 дена на градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски

  1. Поставено е ново улично осветлување на кракот од бул. ,,Македонско Косовска Бригада,, до ,,Смилевска,, именуван како ,,Словенија 03,,- 21 метален столб, висина: 4,5 м. со бетонски фундаменти, подземна електрична инсталација, натриумови светилки од 70 вати.
  2. Изградивме две улици: крак од улицата ,,3,, во Визбегово и крак од улицата ,,30,, во Љуботенски Пат. Нивната вкупна должина изнесува околу 400 м. а улицата во Љуботенски пат доби тротоар во должина од 190 м. од бекатон плочки обрабен со големи и мали рабници. Останува да се изврши нивното асфалтирање, веднаш штом ќе почнат со работа асфалтните бази.
  3. Вредна за споменување е и новата меѓународна манифестација на општина Бутел: есенски базар на домашни ракотворби: ,,Занаетчиски колаж 2017,, која ќе стане традиционална.
  4. Реализирана е големата акција за чистење на општина Бутел во рамките на чистењето на Скопје.
  5. Ја одбележавме 108-та годишнина од раѓањето на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров.
  6. Го завршивме проектот за млади лидери со завршната манифестација: ОРАТОРСКА ВЕЧЕР.
  7. Избравме три најубаво накитени дворови и куќи по повод новогодишните и божиќните празници.
  8. Организиравме новогодишна прослава за учениците од основните училишта во големата сала на Општина Бутел и доделивме околу 1000 новогодишни пакетчиња.
  9. Инсталиравме посебна линија за јавувања на граѓаните за пожари на отворено, како активност за намалување на загаденоста на воздухот.
  10. Во градинката ,,11Октомври,, (матичен објект) во Скопје Север заменета е кровната конструкција над двата влеза.
  11. Отворени денови на Општина Бутел за учениците од основните училишта ( досега две организирани посети), исто така за граѓаните има прием секој ПЕТОК.
  12. Активности околу формирање на ЕКОНОМСКИ ФОРУМ на општина Бутел, повеќе средби, активности, донации со и од Здружението на стопански субјекти од индустриската зона Визбегово.
  13. Покажавме грижа за спортот и спортистите, а доделивме и благодарници на државните прваци ви кик-бокс.
  14. Отворивме матична служба во просториите на Општина Бутел и создадовме услови за користење на големата сала за венчавки на нашите граѓани.
  15. Иработка на проект за изградба на пешачка патека на последната автобуска станица на бројот 59, кон реката Серава.
  16. Средба- трибина на градоначалникот Велимир Смилевски и министерот за земјоделие Љупчо Николовски со земјоделците од Општина Бутел, со цел подобро искористување на средствата од ИПА – фондовите.
  17. Акција за чистење на хаварисани возила од јавните површини.
  18. Општина Бутел се приклучи во одбележувањето на Светската иницијатива: ,,Со велосипед на работа во зимски услови,,. Градоначалникот секој петок доаѓа на работа со велосипед.
  19. Актиности за подобрување на условите за работа на ОУ ,,Лиман Каба,, во Љуботен.
  20. Реализирана е акцијата за чистење на просторот околу АКВАДУКТОТ.
  21. Општината го помогна и активно учествуваше во одржувањето на ЉУБАНСКИОТ КАРНЕВАЛ 2018, што се одржа на Прочка во Љубанци.
  22. Изработен е изведбен проект за изградба и асфалтирање на две улици во Визбегово со вкупна должина од 2 000 метри.
  23. Изработен е изведбен проект за изградба и асфалтирање на две улици во Радишани на две улици во должина од 200 м.
  24. Завршен е проектот за поставување на ново улично осветлување во с. Љуботен.
  25. Изработен е проект за пешачка патека долж реката Серава на потегот од с. Радишани ( последна автобуска станица на 57) до Живко Брајковски.