Archives: Notices

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела за изградба на објект со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на КП бр. 178/2 и КП бр. 178/3 КО Визбегово (согласно извод од УПВНМ индустриска зона Визбегово со разработка на блок 12, Одлука бр. 08-1555/13 од 17.11.2016)

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат граѓаните и правните лица дека Градоначалникот на Општина Бутел донесе Одлука за организирање на:

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела за изградба на објект со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на КП бр. 178/2 и КП бр. 178/3 КО Визбегово (согласно извод од УПВНМ индустриска зона Визбегово со разработка на блок 12, Одлука бр. 08-1555/13 од 17.11.2016)

 

 

Проектниот опфат на предметниот Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела за изградба на објект со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на КП бр. 178/2 и КП бр. 178/3 КО Визбегово (согласно извод од УПВНМ индустриска зона Визбегово со разработка на блок 12, Одлука бр. 08-1555/13 од 17.11.2016), е со површина од 1402,12 м², колку што изнесува површината на новооформената градежна парцела.

Проектниот опфат ги има следниве координати:

 

X                           Y

X= 7533088.04   Y= 4655637.97

X= 7533091.46   Y= 4655639.22

X= 7533094.02   Y= 4655643.75

X= 7533098         Y= 4655646.73

X= 7533101.4      Y= 4655648.33

X= 7533106.13   Y= 4655650.56

X= 7533016.61   Y= 4655661.81

X= 7533016.58   Y= 4655660.59

X= 7533016.31   Y= 4655645.93

X= 7533016.33   Y= 4655643.38

X= 7533085.99   Y= 4655635.68

Изработениот Архитектонско-урбанистички проект со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Јавната анкета ќе се одржи од 03.07.2018 година до 09.07.2018 година (пет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

Соопштението за организирање на јавна анкета ќе биде објавено во Јавните гласила, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

Јавната презентација по Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела за изградба на објект со намена Г2 – лесна и незагадувачка индустрија на КП бр. 178/2 и КП бр. 178/3 КО Визбегово (согласно извод од УПВНМ индустриска зона Визбегово со разработка на блок 12, Одлука бр. 08-1555/13 од 17.11.2016), ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 05.07.2018 год., со почеток во 10:00 часот.

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                          Велимир Смилевски

           

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Архитектонско-урбанистички проект за градежна парцела 2.01 со основна класа на намена А2, Домување во станбени згради во ДУП Градска Четврт С16, општина Бутел–Скопје

С О О П Ш Т Е Н И Е

Се известуваат граѓаните и правните лица дека Градоначалникот на Општина Бутел

донесе Одлука за организирање на:

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Архитектонско-урбанистички проект за градежна парцела 2.01

 со основна класа на намена А2, Домување во станбени згради во

ДУП Градска Четврт С16, општина Бутел–Скопје

 

Просторот дефиниран за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за градежна парцела 2.01, со основна класа на намена А2 Домување во станбени згради во ДУП Градска Четврт С16, општина Бутел–Скопје, со својата местоположба припаѓа на територија на Општина Бутел.

Градежната парцела 2.01 со основна класа на намена А2- Домување во станбени згради се наоѓа во рамки на опфатот на ДУП за Градска четврт С16 , усвоен со Одлука на Советот на Општина Бутел бр. 07-547/2 од 30.04.2015. Градежната парцела ги опфаќа катастарските парцели КП215/15, КП215/17, КП215/3, КП215/11 и КП215/4, КО Чаир, Општина Бутел. Границата на проектниот опфат е границата на градежната парцела 2.01. Вкупната површина на проектниот опфат во рамките на зададената граница изнесува 7800 m².

Изработениот Архитектонско-урбанистички проект со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Јавната анкета ќе се одржи од 03.07.2018 година до 09.07.2018 година (пет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма. Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

Соопштението за организирање на јавна анкета ќе биде објавено во Јавните гласила, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

Јавната презентација по Архитектонско-урбанистички проект за градежна парцела 2.01, со основна класа на намена А2 Домување во станбени згради во ДУП Градска Четврт С16, општина Бутел–Скопје, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 05.07.2018 год., со почеток во 11:00 часот.

 

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски

На 16.05 ( среда) и 17.05 ( четврток) од 12:00 – 15:00 часот пред општина Бутел ќе биде промовиран проектот “Гаранција за млади”.

СООПШТЕНИЕ

На 16.05 ( среда) и 17.05 ( четврток)  од 12:00 – 15:00 часот пред општина Бутел ќе биде промовиран проектот “Гаранција за млади”.

Ги повикуваме сите невработени млади до 29 години со звршено средно/ високо образование да се вклучат и информираат за можностите на проектот каде што теренските работници ќе Ве упатат кон вклучување во мерките.

Известување до граѓаните на Општина Бутел

Ве известуваме дека последната среда од 12 до 17 часот и сабота од 10 до 14 часот во месецот ќе се организираат средби на граѓани во просториите на Општина Бутел, ул.,,Бутелска”.

Непосредната комуникација со граѓаните ќе се оствари со Советниците на Општина Бутел.

На средбата, граѓаните ќе можат да ги посочат проблемите во своето населено место, да дадат мислење и предложат сопствени идеи, предлог проекти, како и да покренат нови иницијативи.

Активното граѓанско учество ќе придонесе во создавање на квалитетни услови за живеење и брз одржлив локален економски развој на нашата Општина.

 

 

Со почит,

 

ГРАДОНАЧАЛНИК

НА ОПШТИНА БУТЕЛ

Велимир Смилевски

ИЗБРАНИ ЧЛЕНОВИТЕ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ

На вчерашната осма седница на Советот на Општина Бутел усвоени се сите предвидени точки на дневниот ред, како и дополнителната осма точка која беше предложена на самата седница.

За членови на Советот на млади на Општина Бутел избрани се: Ивана Ангеловска, Симон Бешлиев, Бојан Лазаревски, Санела Доневска и Асрим Алими.

Исто така, беа прифатени и двете иницијативи за изработка на ДУП –ови за градските четврти ССИ06, блок ССИ06.05, Општина Бутел и Ц 24, блок Ц 24.02, Општина Бутел.

На истава седница изменет е и правилникот за издавање на тезги од страна на Општина Бутел. Всушност, намалена е цената за издавање од 1 500,00 ден. на 900,00 ден.

Утре, 26.04.2018 г. (четврток), со почеток во 11,00 ч. Советот на Општина Бутел ќе ја одржи својата осма седница. Советниците ќе расправаат по следниов дневен ред:

  1. Предлог-Одлука за усвојување на периодични ивештаи за првиот квартал од 2018 година.
  2. Предлог–Одлука за изработка на Локална урбанистичко – планска документација на дел од К.П. 1983, КО Љуботен, Општина Бутел.
  3. Предлог – Заклучок за ПРИФАЌАЊЕ – НЕПРИФАЌАЊЕ на иницијатива за изработка на ДУП за градска четврт ССИ06, блок ССИ06.05, Општина Бутел.
  4. Предлог – Заклучок за ПРИФАЌАЊЕ – НЕПРИФАЌАЊЕ на иницијатива за отпочнување на постапка за ДУП за градска четврт Ц 24, блок Ц 24.02, Општина Бутел.
  5. Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата (Ф) Урбано планирање за 2018 година.

Предлог – Одлука за избор на членови на Советот на млади на Општина Бутел.

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 1073/1, за изградба на објект со основна класа на намена – Г2, Лесна и незагадувачка индустрија (производен погон со пропратни содржини) во Блок 3, од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел–Скопје

                            

                  ОПШТИНА БУТЕЛ

Бр. 09-160/6  од 19.04.2018 год.

                             Скопје

 

Врз основа на член 35, а во врска со член 51 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 163/2016 и 90/2017), Градоначалникот на Општина Бутел го дава следното:

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат граѓаните и правните лица дека Градоначалникот на Општина Бутел донесе Одлука за организирање на:

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 1073/1, за изградба на објект со основна класа на намена – Г2, Лесна и незагадувачка индустрија (производен погон со пропратни содржини) во Блок 3, од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел–Скопје

 

 

Просторот дефиниран за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 1073/1, за изградба на објект со основна класа на намена – Г2, Лесна и незагадувачка индустрија (производен погон со пропратни содржини) во Блок 3, од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел–Скопје, со својата местоположба припаѓа на територија на Општина Бутел. Проектниот опфат кој е предмет на оваа проектна документација, зафаќа простор од  6548,22 м² односно 0,65 ха.

Проектниот опфат на овој Архитектонско урбанистички проект е дефиниран со следните Х и У координати:

 

X                           Y

X=7533624.7206   Y=4654240.8337

X=7533617.4737   Y=4654233.3198

X=7533596.2956   Y=4654212.1226

X=7533591.8500   Y=4654216.7600

X=7533577.0700   Y=4654231.8900

X=7533561.0100   Y=4654248.3200

X=7533544.4400   Y=4654265.2800

X=7533517.1200   Y=4654293.3100

X=7533510.3700   Y=4654300.1200

X=7533534.8600   Y=4654316.8300

X=7533569.7900   Y=4654340.3900

X=7533624.7206   Y=4654240.8337

 

Изработениот Архитектонско-урбанистички проект со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Јавната анкета ќе се одржи од 26.04.2018 година до 03.05.2018 година (пет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

 

Соопштение за организирање на јавна анкета е објавено во Јавните гласила Нова Македонија и Коха, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

 

Јавната презентација по Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 1073/1, за изградба на објект со основна класа на намена – Г2, Лесна и незагадувачка индустрија (производен погон со пропратни содржини) во Блок 3, од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел–Скопје, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 27.04.2018 год., со почеток во 10:00 часот.

 

 

 

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски

           

Јавен повик за искажување на интерес и прибирање на барања за користење на средства наменети за финансирање и организирање на манифестација „Ликовна колонија –Љубанци 2018 година“

Врз основа на член 49 став 2 и 4 од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11) и член 67 од Статутот на Општина Бутел („Службен гласник на општина Бутел“ бр.3/14 и 11/14) Градоначалникот и Одделението за јавни дејности на Општина Бутел, објавува

 

 

Јавен повик

за искажување на интерес и прибирање на барања за користење на средства наменети за финансирање и организирање на манифестација

„Ликовна колонија –Љубанци 2018 година“

 

 

 

  1. Распределба на средствата наменети за организација на манифестацијата „Ликовна колонија – Љубанци 2018 година“ се планирани во Буџетот на Општина Бутел за 2018 година, во програма К4 – Културни манифестации и творештво, ставка 463110 – трансфери до здруженија на граѓани и фондации.

 

  1. За организација на манифестацијата од точка 1 вкупно се предвидени 120.000,00 денари.

 

  1. Манифестацијата „Ликовна колонија –Љубанци 2018 година“ ќе се одржи во период од 13-20 јуни 2018 година, во с.Љубанци.
  2. Учесниците (ликовните уметници) во периодот на одржување на ликовната колонија ќе престојуваат во интернатот на ОOУ „Гоце Делчев“ од с.Љубанци.

 

  1. 5. Здруженијата на граѓани кои пројавуваат интерес за доделување на средства за организирање на „Ликовна колонија–Љубанци 2018 година“ треба да ги исполнат следните критериуми:

 

  • Да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;
  • Да извршуваат активности од областа на ликовната уметност и
  • Да спроведуваат активности поврзани со ликовната уметност од минимум  1 (една) година.

 

  1. 6. Доколку ги исполнуваат критериумите од точка 5, Здуженијата на граѓани и фондации до Одделението за јавни дејности, преку архивата на Општина Бутел, треба да ги достават следните документи:

 

  • Барање за доделување на средства за организација на „Ликовна колонија–Љубанци 2018 година“
  • Фотокопија од решението за регистрација на здружението на граѓани и
  • Предлог програма која ќе вклучува деловни активности со предвидените финансиски средства.

 

  1. 7. Здужението на граѓани се обврзува по завршување на ликовната колонија за доделените средства да изготви деловен и финансиски извештај и да го достави до Одделението за јавни дејности.

 

  1. 8. Јавниот повик за избор трае од 26.04.2018 до 30.04.2018 година, по кој период Комисијата за избор ќе го извести избраното Здружение.

 

Број ————–

Скопје, 26.04.2018                                                                          Одделение за јавни дејности

OСМА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

Утре, 26.04.2018 г. (четврток), со почеток во 11,00 ч. Советот на Општина Бутел ќе ја одржи својата осма седница. Советниците ќе расправаат по следниов дневен ред:

  1. Предлог-Одлука за усвојување на периодични ивештаи за првиот квартал од 2018 година.
  2. Предлог–Одлука за изработка на Локална урбанистичко – планска документација на дел од К.П. 1983, КО Љуботен, Општина Бутел.
  3. Предлог – Заклучок за ПРИФАЌАЊЕ – НЕПРИФАЌАЊЕ на иницијатива за изработка на ДУП за градска четврт ССИ06, блок ССИ06.05, Општина Бутел.
  4. Предлог – Заклучок за ПРИФАЌАЊЕ – НЕПРИФАЌАЊЕ на иницијатива за отпочнување на постапка за ДУП за градска четврт Ц 24, блок Ц 24.02, Општина Бутел.
  5. Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата (Ф) Урбано планирање за 2018 година.

Предлог – Одлука за избор на членови на Советот на млади на Општина Бутел