ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ С 13, ОПШТИНА БУТЕЛ – Скопје, Плански период 2018-2023 година, Предлог план

Границите на Градската четврт се дефинирани со ГУП на Град Скопје, 2012-2022, со површина на четврт од 29,94ha, односно со регулационите линии на следниве примарни

сообраќајници:

– на север ул.„Боца Иванова“ ,

– на југ ул.„Босна и Херцеговина“,

– на исток ул.„Александар Урдаревски“ и

– на запад продолжение на ул.„Лазар Трповски“

 

Границата на планскиот опфат може да се опише и преку координатите на секоја прекршна точка, како што следи:

 

Површина              299406.7979m²

Периметар             2438.7569m

X=7537259.4786    Y=4653833.8878

X=7537261.8088    Y=4653536.6783

X=7537128.2773    Y=4653547.1676

Испакната точка    0.0025

Центар                     X=7536291.0880    Y=4578237.7719   Z= 0.0000

Радиус                     75314.0489

Почетна точка       89

Крајна точка          90

X=7536388.9720    Y=4653551.7572

X=7536395.5036    Y=4653759.1392

X=7536414.5649    Y=4653870.8620

X=7536408.7380    Y=4653958.3259

 

Изработениот Детален Урбанистички план со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Јавната анкета ќе се одржи од 14.01.2019 година до 25.01.2019 година (десет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

Соопштението за организирање на јавна анкета ќе биде објавено во Јавните гласила, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

Јавната презентација по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ С 13, ОПШТИНА БУТЕЛ – Скопје, Плански период 2018-2023 година, Предлог план, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 16.01.2019 год., со почеток во 11:00 часот.

 

 

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски