ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела од КП 1040/1 и дел од КП 1040/3, со намена Г4 – стоваришта во Блок 5 од УПВНМ за индустриска зона Визбегово со разработка на Блок 12, КО Визбегово, општина Бутел

Проектниот опфат на предметниот Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела од КП 1040/1 и дел од КП 1040/3, со намена Г4 – стоваришта во Блок 5 од УПВНМ за индустриска зона Визбегово со разработка на Блок 12, КО Визбегово, општина Бутел, е со површина од 2144,09 м².

Изработениот Архитектонско-урбанистички проект со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Јавната анкета ќе се одржи од 07.11.2018 година до 13.11.2018 година (пет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

Соопштението за организирање на јавна анкета ќе биде објавено во Јавните гласила, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

Јавната презентација по Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела од КП 1040/1 и дел од КП 1040/3, со намена Г4 – стоваришта во Блок 5 од УПВНМ за индустриска зона Визбегово со разработка на Блок 12, КО Визбегово, општина Бутел, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 08.11.2018 год., со почеток во 10:00 часот.

 

 

 

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски