ЈАВЕН ПОВИК ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

 

Врз основа на член 83 од Статутот на Општина Бутел (“Службен гласник на Општина Бутел – пречистен текст бр.3/14 и 12/14), и член 3 од Одлуката за формирање на Совет на млади на Општина Бутел (“Службен Гласник на Општина Бутел ” бр.14/2014), Советот на Општина Бутел, објавува

 

 

ЈАВЕН ПОВИК

ЗА ПРЕДЛАГАЊЕ НА КАНДИДАТИ ЗА ЧЛЕНОВИ НА СОВЕТОТ НА МЛАДИ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

 

 

  1. Се покренува постапка за избор на членови на Советот на млади на Oпштина Бутел.

 

Советот на млади на Општина Бутел е советодавно тело на Советот на Општина Бутел, основано заради подобрување на положбата и решавање на проблемите на младите во Општината.

 

Во Советот на млади на Oпштина Бутел можат да бидат бирани млади со постојано место на живеење на територијата на Општина Бутел и со старосна граница од 15 до 30 години.

 

  1. Советот на млади на Oпштина Бутел брои 5 членови.

Советот на млади од своите редови избира  претседател и заменик претседател.

 

Членовите на Советот на млади на Oпштина Бутел се бираат со мандат од  две (2) години.

 

  1. Право на предлагање на кандидати за членови во Советот на млади на Oпштина Бутел имаат: Невладини организации и Здруженија на млади, ученички совети, студентски совети и други регистрирани облици на организирање на младите.

 

  1. При предлагањето на кандидатите се поднесуваат следните документи кои се во прилог на овој јавен повик :

– СМ-1- (Образец-Предлог кандидат за член на Советот на млади на Oпштина Бутел)

– СМ- 2- (Образец – Согласност за прифакање на кандидатурата за член на Советот)

– СМ-3 – (Образец- Согласност дека кандидатот за член на Советот е предложен согласно актите на институцијата)

Документите мора да бидат потпишани и заверени од страна на овластено лице на институцијата која го предлага членот.

 

  1. Предлагачот е должен покрај наведените документи во точка 4 да приложи и :
  1. Документација од која е видливо дека кандидатите ги исполнуваат условите од точка 1 од овој јавен повик (Извод од матична книга на родените не постар од 6 месеци или фотокопија од лична карта )
  2. Кратка биографија на кандидатот
  • Фотокопија од регистрација на здружението

 

Ненавремено доставени документи и нецелосна документација нема да се разгледува.

 

  1. Рокот за поднесување на предлози за кандидат за членови на Советот на млади на Oпштина Бутел е 8 дена од објавувањето на овој Јавен повик.

 

Потребните обрасци од точка 4 кои се прилог на потребната документација можат да се подигнат во архивата на Oпштина Бутел .

 

Предлозите за кандидати за членови на Советот на млади на Oпштина Бутел, со назнака “Предлог кандидат за избор на членови на Советот на Млади на Oпштина Бутел”, се доставуваат на адреса :

 

Совет на Oпштина Бутел – Комисија за мандатни прашања избори и именувања, Ул. „Бутелска“ бр.4, Скопје.

 

Јавниот повик ќе биде објавен на огласна табла, на ВЕБ страната и во „Службен Гласник на Oпштина Бутел “.

 

 

 

     

Бр.08-  409/4                                                                       Претседател

од 28.02.2018 година                                        на советот на Општина Бутел

Скопје                                                                                 Мирче Тодоровски с.п.

 

G.Pobrazec_1_za_LMS

G.p_obrazec_2_za LMS

G.P_obrazec_3_za LMS