Јавен повик за искажување на интерес и прибирање на пријави за користење на средства наменети за финансирање и организирање на манифестација „Љубански карневал – Прочка 2018“

 

  1. Распределба на средствата наменети за организација на манифестацијата „Љубански карневал – Прочка 2018“ се планирани во Буџетот на Општина Бутел за 2018 година, во програма К4 – Културни манифестации и творештво, ставка 463110 – трансфери до здруженија на граѓани и фондации.

 

  1. За организација на манифестацијата од точка 1 вкупно се предвидени 60.000,оо денари.

 

  1. Манифестацијата „Љубански карневал – Прочка 2018“ ќе се одржи на ден 18.02.2018 година во с.Љубанци.

 

  1. Здруженијата на граѓани кои пројавуваат интерес за доделување на средства за организирање на „Љубански карневал – Прочка 2018“ треба да ги исполнат следните критериуми:

 

  • Да се регистрирани согласно Законот за здруженија на граѓани и фондации;
  • Да извршуваат активности од областа на карневалската традиција и
  • Да спроведуваат активности поврзани со организација на карневал од минимум  1 (една) година.

 

  1. Доколку ги исполнуваат критериумите од точка 4, Здуженијата на граѓани и фондации до Одделението за јавни дејности, преку архивата на Општина Бутел, треба да ги достават следните документи/прилози:

 

  • Пријава за финансиска поддршка
  • Фотокопија од решението за регистрација на здружението на граѓани и
  • Предлог проект.

 

  1. Здужението на граѓани се обврзува по завршување на „Љубански карневал – Прочка 2018“ за доделените средства да изготви финансиски извештај за добиените средства и да го достави до Одделението за јавни дејности.

 

  1. Јавниот повик за избор трае од 13.02.2018 до 17.02.2018 година, по кој период Комисијата за избор ќе го извести избраното Здружение и истото ќе го објави на web страната на општина Бутел.

 

 

Број 281

Скопје, 13.02.2018                                                                       Одделение за јавни дејности