ЈАВЕН ПОВИК БР.1/2018 за издавање на термни во објектите за спорт од локално значење кои се во функција на спортот

1.Назив и адреса на органот:

Општина Бутел ул. “Бутелска “бр.4 – Скопје

 

  1. Местоположба на објектот за спорт:

нас. Радишани ул. „Скоевска“ бб

 

  1. Намена на објектот за спорт:

Објектот за спорт може да се користи за следните спортови и тоа: мал фудбал, ракомет, одбојка, кошарка, тенис, џудо, карате, борење и сл.

 

  1. Термини за издавање:

Термините за идавање се означени во следната табела:

 

Денови Термини за издавање на користење во спортска сала „Иван Хаџи Николов“ н. Радишани
Понеделник 17:00-18:30 19:00- 21:00 21:30-23:00
Вторник 17:00-18:30 19:00- 20:00 20:30-22:00
Среда 17:00-18:30 19:00- 21:00 21:30-23:00
Четврток 17:00-18:30 19:00- 20:00 20:30-22:00
Петок 17:00-18:30 19:00- 21:00 21:30-23:00
Сабота 10:00-11:00 11:30-13:00 13:30-15:00 15:30-17:00 17:30-19:00 19:30-21:00 21:30-23:00
Недела 10:00-11:00 11:30-13:00 13:30-15:00 15:30-17:00 17:30-19:00 19:30-21:00 21:30-23:00

 

 

  1. Право на учество начин на пријавување:

Право на учество имаат регистрирани спортски клубови за тренинзи и натпревари  и други физички и правни лица за рекреативни активности;

Заинтересираните субјекти пријавите  за учество на Јавниот повик треба да ги достават до архивата на Општина Бутел.

Правните и физички лица кои учествуваат на Јавниот повик кон барањето  треба да достават:

Правни лица:

– Доказ за регистрирана дејност;

– Копија од тековна сметка на правното лице издадена од Централен Регистар на Република Македонија;

– Доказ за уплатениот износ за учество на јавниот повик;

– Телефон за контакт, адреса и е-маил адреса;

– Трансакциска сметка

Физички лица:

– Доказ за уплатениот износ за учество на јавниот повик;

– Телефон за контакт, адреса и е-маил адреса;

– Трансакциска сметка

Барањето и документацијата се доставуваат во затворен плик со ознака    „не отварај“ и бројот на повикот. Пликот не смее да содржи никаква ознака која би може да го идентификува барателот. Барањето се доставува во еден оригинален примерок кој треба да биде потпишан од одговорното лице на барателот односно барателот.

 

  1. Рок за поднесување на барање:

Барањата за учество на јавниот повик со комплетната барана документација се доставува до архивата на Општина Бутел во рок од 8 дена од денот на објавувањето на Јавниот повик на ВЕБ страната на Општина Бутел.

 

  1. Висина на износ за користење на термин:

Висината на надоместокот за користење на термин (времетраење од 1 час) изнесува минимум 700,00 денари.

 

  1. Критериум за избор:

Термините во објектите за спорт според објавениот Јавен повик првенствено им се доделуваат на национални спортски федерации за настапи на национални репрезентации, настапи на спортски клубови на натпревари од меѓународен карактер и натпревари од највисок ранг на домашни спортски првенства.

Во случај барањето да биде поднесено од два или повеќе субјекти за користење ист термин, приоритет ќе имаат субјектите кои организираат подготвителни тренинзи и натпревари од највисок степен во сениорска конкуренција па редоследно во пониските степени на натпревари и пониските возрасни категории.

Термините кои нема да бидат издадени на спортските клубови ќе им се дадат на користење на физички и правни лица за реализација на тренинг натпревари, рекреативни активности и други настани. Во случај барањето да биде поднесено за користење на ист термин  од правни и физички лица за рекреативни и други настани, терминот ќе му биде даден на барателот кој прв поднел барање. Незадоволните баратели кои учествувале на јавниот повик немаат право на приговор. Одлуките на комисијата се конечни.

Користењето на термините се врши врз основа на склучени договори помеѓу општината и користникот.

 

  1. Време на издавање:

Термините се издаваат за определено време но не подолго од една година.

 

  1. Надоместок за поднесување барање за учество на јавниот повик:

За учество на јавниот повик барателите треба да достават доказ за извршена уплата во висина од 250,00 денари на ж-сметка на Општина Бутел.

 

Комисија за давање на користење на

деловите од објектите за спорт

 

Uplatnica