ПРОЕКТИ ЗА ДВЕ НОВИ ГРАДИНКИ

Утре, петок, 21.12.2018 г. во Општина Бутел ( голема сала) во 11,00 ч. ќе бидат изложени основните проекти за новите градинки: ,,Бутел 2,, и ,,Св. Климент Охридски,,.

Исто така, ќе биде направена презентација на проектите од страна на овластените проектанти Викторија Еремеева Наумовска од ,,БХ Архитектс,, – Тетово и Виолета Бакалчев од ,,Монт Импекс Инженеринг,, –  Скопје.

По овој повод свое обраќање ќе има и градоначалникот Велимир Смилевски.