ОДЛУКA За избор на кандидат за унапредување на административен службеник по пат на интерен оглас Бр.09-2244/18

 

ОПШТИНА БУТЕЛ

Бр.09-2244/18 од 29.10.2018  година

С к о п ј е

 

 Врз оснoва на член 52 став 1 од законот за административни службеници (Сл.Весник на Република Македонија бр.27/2014,199/2014,48/2015,154/2015,5/2016 142/2016 и 11/2018),Градоначалникот  на Општина Бутел донесе

О Д Л У К A

      За избор на кандидат за унапредување на административен службеник по пат на  интерен оглас

  1. Административниот службеник Наташа Гаврилоски, по пат на интерен оглас, се избира за работно место Советник за следење на постапка за донесување на ДУП и урбанистичка документација шифра УПР 0101В01000 со звање Советник, во одделение за урбанизам, просторно планирање и градежништво,Сектор за урбанизам,комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој.
  2. Избраниот административен службеник во рок од 3 (три) дена од денот на објавувањето на оваа одлука е должен да достави докази за исполнување на посебните услови.
  3. По завршувањето на постапката за избор и конечноста на Одлуката, Градоначалникот на Општина Бутел ќе донесе Решение за унапредување на избраниот административен службеник од точка 1 на оваа Одлука.

Образложение

       Врз основа на барањето за започнување на постапка за унапредување на административен службеник со интерен оглас бр.09-2244  и известување за обезбедени финансиски средства бр.09-2244/2, Одделението за управување со човечки ресурси објави интерен оглас на веб страната на Општина Бутел.

       Комисијата за селекција за унапредување на административен службеник формирана со решение бр.09-2244/11 од 24.10.2018 година, спроведе административна селекција по наведениот интерен оглас и состави Записник и прилог ранг листа со бодирање на докази со бр.04-2244/13 од 26.10.2018  година.

       Kомисијата за селекција на административен службеник го закажа и спроведе интервјуто со единствениот кандидат Наташа Гаврилоски , за што состави записник од работата на комисијата заради спроведување на интервју со бр.04-2244/15 од 26.10.2018  година. Финална ранг листа од спроведеното интервју е доставена до Градоначалникот  на Општина Бутел со прворангираниот кандидат.

      Согласно финалната ранг листа која е составен дел од Записникот и со оглед на тоа дека наведениот кандидат е единствен кандидат кој ги исполнува потребните услови за наведеното работно место се одлучи како во диспозитивот на оваа Одлука.

        Правна поука: Против оваа Одлука за избор,кандидатот има право на жалба во рок од 8 (осум) дена до Агенцијата за администрација, од денот на на објавувањето на Одлуката  на веб страната на Општина Бутел.

Доставено до                                                                                         Градоначалник  на  Општина  Бутел

Избраниот административен службеник                                                               Велимир Смилевски

Одделение за управување со човечки ресурси