Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ Измена и дополна на ДУП за Градска четврт ССИ 02, општина Бутел, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Бутел, www.butel.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Измена и дополна на ДУП за Градска четврт ССИ 02, општина Бутел, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Просторот кој е предмет на изработка на Детален урбанистички план за Градска Четврт ССИ 02, Општина Бутел – Скопје се наоѓа на територијата на Општина Бутел и е опфатен со ГУП на град Скопје 2012. Границите на планскиот опфат за изрботка на Детален урбанистички план за Градска Четврт ССИ 02, Општина Бутел – Скопје се поклопуваат со границите на Градски Четврт ССИ 02 од ГУП на град Скопје 2012-2022. За Град Скопје има изготвен и усвоен Генерален урбанистички план од 2012 година, со плански период 2012 – 2022 година. За Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 година има изработена Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.
  4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

 

 

Бр. 09-38

Датум: 08.01.2019 год.                                                            Градоначалник

Место: општина Бутел

Велимир Смилевски