Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ДУП Градска четврт С13, општина Бутел, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Бутел, www.butel.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП Градска четврт С13, општина Бутел, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: За Град Скопје има изготвен и усвоен Генерален урбанистички план од 2012 година, со плански период 2012 – 2022. Просторот опфатен со овој ДУП е во рамките на градежниот реон на Град Скопје, третиран со Генералниот урбанистички план. Поточно, се работи за градска четврт С13, согласно поделбата дефинирана со Генералниот урбанистички план од 2012 година. За Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 година има изработена Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.
  4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

 

 

Бр. 09-39

Датум: 08.01.2019 год.                                                           Градоначалник

Место: општина Бутел

Велимир Смилевски