ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 03/2018 за унапредување на 4 (четворица) административни службеници во Општина Бутел

Согласно член 48 став 4 од Законот за административни службеници (“Службен весник на РМ” број 27/2014, 199/2014, 48/2015, 154/2015, 5/2016, 142/2016, и 11/2018), Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за формата и содржината на интерниот оглас, начинот на поднесување на пријавата за унапредување, начинот на спроведување на административната селекција и интервјуто, како и начинот на нивно бодирање и максималниот број на бодови од постапката на селекција, во зависност од категоријата на работно место за кое е објавен интерниот оглас, Сл. весник на РМ, бр. 35 од 23.02.2018 година Општина Бутел објавува:

 

ИНТЕРЕН ОГЛАС БРОЈ – 03/2018

за унапредување на 4 (четворица) административни службеници во Општина Бутел

 

Општина Бутел објавува интерен оглас за унапредување на  4 (четворица) административни службеници на следните работни места:

 

1.Советник за заштита на животна средина, Сектор за урбанизам,комунални работи,заштита на животната средина и локален економски развој, Одделение  за комунални работи,заштита на животната средина и ЛЕР со звање Советник и шифра на работно место УПР0101В01000, во подгрупата на државни службеници – 1 извршител.

 

Општи услови

-да е државјанин на Република Македонија

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здраствена способност за работното место

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

-VI  А според македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1степен, географија или животна средина или градежништво или водостопанство

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-најмалку три години работно искуство во струката

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

 

Распоред на работно време:

-работни часови во неделата: 40,

-работно време од понеделник до петок пристигнување од

07:30 до 08:30 заминување од 15:30 до 16:30 часот

-Паричниот нето износ на основната нето плата 25.022 денари.

 

 

 

2.Советник за следење на постапка за донесување на ДУП и урбанистичка документација, Сектор за урбанизам, комунални работи, заштита на животната средина и локален економски развој, Одделение  за урбанизам, просторно планирање и градежништво, со звање Советник и шифра на работно место УПР0101В01000, во подгрупата на државни службеници – 3(тројца) извршители.

 

Општи услови

-да е државјанин на Република Македонија

-активно да го користи македонскиот јазик

-да е полнолетен

-да има општа здраствена способност за работното место

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Посебни услови

-VI  А според македонската рамка на квалификации и стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1степен, архитектура, урбанизам и планирање или градежништво и водостопанство или геодезија

-активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

-најмалку три години работно искуство во струката

-активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски).

 

Распоред на работно време:

-работни часови во неделата: 40,

-работно време од понеделник до петок пристигнување од

07:30 до 08:30 заминување од 15:30 до 16:30 часот

-Паричниот износ на основната нето плата изнесува 25.022 денари.

 

Кандидатите за унапредување треба да ги исполнуваат општи услови и посебните услови утвредени со Правилникот за систематизација на работните места во Општина Бутел, како и:

 

-да е оценет со оцена “A” или “Б” при последното оценување,

-да е на работно место на непосредно пониско ниво или да е на работно место во рамки на истата категорија во која е работното место за кое е објавен интерниот оглас,

-да поминал најмалку две години на тековното работно место и

-да не му е изречена дисциплинска мерка во последната година пред објавување на интерниот оглас.

 

Право на учество имаат сите административни службеници вработени во Општина Бутел кои ги исполнуваат условите за конкурирање.

 

Кандидатите кон пријавата можат да ги приложат следниве докази:

 

-потврди за успешно реализирани обуки и/или

-потврди за успешно реализирано менторство

 

Рокот за доставување на пријавите изнесува 5 дена сметано од денот на објавување на огласот.

Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

 

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на Општина Бутел како и до службената електронска адреса на Одделението за управување со човечки ресурси на следната електронска пошта:coveckiresursi@opstinabutel.gov.mk

 

НАПОМЕНА: Кандидатот кој внел лажни податоци во пријавата за унапредување се дисквалификува од понатамошната постапка.

пријава за интерен оглас општина бутел 3

 

 

 

                                                                                            

                                                                         

                                                                   ОПШТИНА БУТЕЛ

                                                                                  Градоначалник

                                                                             Велимир Смилевски