Archives: Notices

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016, 163/2016, 64/2018 и 168/18), во првиот квартал од  2019 година.

 

  • Јавниот повик ќе трае од 02.2019 до 21.03.2019 година.
  • Јавниот повик ќе биде објавен на веб страната на Општина Бутел opstinabutel.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во службено гласило на Општина Бутел, во дневниот весник “Нова Македонија” и дневниот весник “Коха”.
  • Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистичките планови од членот 7 став (1) точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Бутел или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во горенаведениот рок.
  • Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
  • За доставените иницијатии подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за доставување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи се предвидуваат во годишната Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Бутел.

 

 

                                                                                   ГРАДОНАЧАЛНИК НА

                                                                                 ОПШТИНА БУТЕЛ                                                                                                                       

                                                                                       Велимир Смилевски

 

 

ДЕВЕТНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

Утре, 30.01.2019 г. (четврток), со почеток во 10,00 ч. Советот на Општина Бутел ќе ја одржи својата деветнаесетта седница. Советниците ќе расправаат по следниов дневен ред:

 

  1. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата (Ј) Комунални дејности на Општина Бутел за 2019 година.

 

  1. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Бутел за 2019 година.

 

  1. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за

извршување на Буџетот на Општина Бутел за 2019 година.

 

  1. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на

административните службеници за 2019 година.

 

  1. Предлог-Одлука за финансиско учество на Општина Бутел во

реализација на Проектот “Изработка на техничка документација за

реконструкција и проширување на ул.3 , ул.2 и дел од улицата од

населба Шуто Оризари до с.Горно Оризари” за 2019 година,согласно

Програмата за рамномерен регионален развој на Центарот за развој на Скопски плански регион.

 

  1. Предлог-Годишен план за енергетска ефикасност на Општина Бутел за 2019 година.

 

  1. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за изведба на фото-волтаични (термални) централи на кровни површини.

 

  1. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за

именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ “11 Октомври”-

Скопје.

 

  1. Предлог-Одлука за усогласување на постоечки организациони единици во подружници кои функционираат во состав на ЈОУДГ “11 Октомври “ Бутел-Скопје.

 

10. Предлог-Програма за волонтирање во Општина Бутел.

Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ ДУП Градска четврт С13, општина Бутел, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Бутел, www.butel.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ ДУП Градска четврт С13, општина Бутел, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: За Град Скопје има изготвен и усвоен Генерален урбанистички план од 2012 година, со плански период 2012 – 2022. Просторот опфатен со овој ДУП е во рамките на градежниот реон на Град Скопје, третиран со Генералниот урбанистички план. Поточно, се работи за градска четврт С13, согласно поделбата дефинирана со Генералниот урбанистички план од 2012 година. За Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 година има изработена Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.
  4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

 

 

Бр. 09-39

Датум: 08.01.2019 год.                                                           Градоначалник

Место: општина Бутел

Велимир Смилевски

 

Одлука за Неспроведување на стратегиска оцена

  1. За планскиот документ Измена и дополна на ДУП за Градска четврт ССИ 02, општина Бутел, кој се носи согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање, не е потребно да се спроведе стратегиска оцена на влијанието врз животната средина согласно член 65 од Законот за животна средина.
  2. Одлуката заедно со формуларите за определување на потребата од спроведување односно неспроведување на стратегиска оцена се објавува на веб страната на Општина Бутел, www.butel.gov.mk
  3. Согласно критериумите за определување на тоа дали еден плански документ има влијание врз животната средина од член 65 став (4) од Законот за животна средина и врз основа на податоците од Прилог 2 на Правилникот за формата, содржината и образецот на одлуката за спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена и формуларите за потребата од спроведување, односно неспроведување на стратегиска оцена донесувањето на планскиот документ Измена и дополна на ДУП за Градска четврт ССИ 02, општина Бутел, нема да има негативно влијание врз животната средина од следните причини: Просторот кој е предмет на изработка на Детален урбанистички план за Градска Четврт ССИ 02, Општина Бутел – Скопје се наоѓа на територијата на Општина Бутел и е опфатен со ГУП на град Скопје 2012. Границите на планскиот опфат за изрботка на Детален урбанистички план за Градска Четврт ССИ 02, Општина Бутел – Скопје се поклопуваат со границите на Градски Четврт ССИ 02 од ГУП на град Скопје 2012-2022. За Град Скопје има изготвен и усвоен Генерален урбанистички план од 2012 година, со плански период 2012 – 2022 година. За Генералниот урбанистички план на Град Скопје од 2012 година има изработена Стратегиска оцена на влијанието врз животната средина.
  4. Против оваа Одлука може да се поднесе жалба до Министерството за животна средина и просторно планирање во рок од 15 дена од денот на објавувањето на одлуката на веб страната.

 

 

 

Бр. 09-38

Датум: 08.01.2019 год.                                                            Градоначалник

Место: општина Бутел

Велимир Смилевски

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ ССИ 02, ОПШТИНА БУТЕЛ, Плански период 2018-2023 година

Дефинираниот простор за изработка на наведениот плански документ зафаќа површина од 66 652м2 или 6,67ха. Локалитетот лежи во опфат кој има прекршни точки со следните координати:

 

N         X                                Y                    N                X                           Y

1    7535993              4653746                11      7535651,251      4653709,728

2    7535984,818      4653801,348        12      7535641,551      4653693,347

3    7535911,623      4653791,661        13      7535626,578      4653677,478

4    7535680,952      4653780,732        14      7535704,58        4653631,25

5    7535662,35        4653782,964        15      7535753,09        4653608,815

6    7535649,383      4653792,577        16      7535777,61        4653601,09

7    7535653,076      4653778,954        17      7535809,33        4653594,83

8    7535656,589      4653761,232        18      7535838,795      4653590,815

9    7535657,982      4653743,741        19      7536028,622      4653568,632

10  7535656,465      4653726,549        20      7536012,5          4653672

 

Границата на измена и дополна на детален урбанистички план за градска четврт ССИ 02, Општина Бутел, кој зафаќа површина од 6,67ха, се движи по оските на улиците:

Северно: железничка пруга „Скопје-Белград“;

Јужно: Бул. „Словенечка “Б“В.03-С.28“;

Источно: Ул. „Индира Ганди (Шуто Оризари)“;

Западно: Ул. „Новопланирана 13“;

 

Изработениот Детален Урбанистички план со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Јавната анкета ќе се одржи од 14.01.2019 година до 25.01.2019 година (десет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

Соопштението за организирање на јавна анкета ќе биде објавено во Јавните гласила, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

Јавната презентација по ИЗМЕНА И ДОПОЛНА НА ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ЗА ГРАДСКА ЧЕТВРТ ССИ 02, ОПШТИНА БУТЕЛ, Плански период 2018-2023 година, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 16.01.2019 год., со почеток во 09:30 часот.

 

 

 

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски

           

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ С 13, ОПШТИНА БУТЕЛ – Скопје, Плански период 2018-2023 година, Предлог план

Границите на Градската четврт се дефинирани со ГУП на Град Скопје, 2012-2022, со површина на четврт од 29,94ha, односно со регулационите линии на следниве примарни

сообраќајници:

– на север ул.„Боца Иванова“ ,

– на југ ул.„Босна и Херцеговина“,

– на исток ул.„Александар Урдаревски“ и

– на запад продолжение на ул.„Лазар Трповски“

 

Границата на планскиот опфат може да се опише и преку координатите на секоја прекршна точка, како што следи:

 

Површина              299406.7979m²

Периметар             2438.7569m

X=7537259.4786    Y=4653833.8878

X=7537261.8088    Y=4653536.6783

X=7537128.2773    Y=4653547.1676

Испакната точка    0.0025

Центар                     X=7536291.0880    Y=4578237.7719   Z= 0.0000

Радиус                     75314.0489

Почетна точка       89

Крајна точка          90

X=7536388.9720    Y=4653551.7572

X=7536395.5036    Y=4653759.1392

X=7536414.5649    Y=4653870.8620

X=7536408.7380    Y=4653958.3259

 

Изработениот Детален Урбанистички план со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Јавната анкета ќе се одржи од 14.01.2019 година до 25.01.2019 година (десет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

Соопштението за организирање на јавна анкета ќе биде објавено во Јавните гласила, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

Јавната презентација по ДЕТАЛЕН УРБАНИСТИЧКИ ПЛАН ГРАДСКА ЧЕТВРТ С 13, ОПШТИНА БУТЕЛ – Скопје, Плански период 2018-2023 година, Предлог план, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 16.01.2019 год., со почеток во 11:00 часот.

 

 

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски

           

СООПШТЕНИЕ ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 227/2, со намена Г2 – производен погон со магацин и придружни содржини, во Блок 6 од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел

                            

                  ОПШТИНА БУТЕЛ

Бр. 09-1877/4  од 03.01.2019 год.

                             Скопје

 

Врз основа на член 35, а во врска со член 51 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 163/2016, 64/18 и 168/18), Градоначалникот на Општина Бутел го дава следното:

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат граѓаните и правните лица дека Градоначалникот на Општина Бутел донесе Одлука за организирање на:

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 227/2, со намена Г2производен погон со магацин и придружни содржини, во Блок 6 од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел

 

Проектниот опфат на предметниот Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 227/2, со намена Г2 – производен погон со магацин и придружни содржини, во Блок 6 од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел, е со површина од 3 120,90 m2 (0,31ха).

 

Границата на проектниот опфат е дадена по следните x и y координати:

 

X=7532871.8300   Y=4655388.9400  Z= 0.0000

X=7532865.2900   Y=4655395.3200  Z= 0.0000

X=7532821.6000   Y=4655393.0800  Z= 0.0000

X=7532828.1300   Y=4655341.7100  Z= 0.0000

X=7532828.5200   Y=4655338.3300  Z= 0.0000

X=7532892.9600   Y=4655349.0600  Z= 0.0000

X=7532898.6100   Y=4655353.2800  Z= 0.0000

X=7532896.3200   Y=4655357.0300  Z= 0.0000

X=7532894.1676   Y=4655360.5475  Z= 0.0000

X=7532896.5700   Y=4655361.8900  Z= 0.0000

X=7532894.3800   Y=4655363.6000  Z= 0.0000

X=7532881.4400   Y=4655378.1600  Z= 0.0000

 

 

Изработениот Архитектонско-урбанистички проект со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Јавната анкета ќе се одржи од 04.01.2019 година до 11.01.2019 година (пет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

Соопштението за организирање на јавна анкета ќе биде објавено во Јавните гласила, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

Јавната презентација по Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела на КП 227/2, со намена Г2 – производен погон со магацин и придружни содржини, во Блок 6 од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 09.01.2019 год., со почеток во 10:00 часот.

 

 

 

                                                                                                     ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски

 

ЈАВНО СООПШТЕНИЕ

 

Во просториите на Општина Бутел од 21.12.2018 г. до 28.12.2018 г. ќе бидат изложени панелите на конкурсните творби за основен проект за две нови детски градинки во населбата Бутел 2 и во близина на ОУ „Свети Климент Охридски”. Јавната презентација ќе се одржи на 21.12.2018 г. во 11:00 часот, во големата сала на Општина Бутел.

(more…)

НОВИ ЈАКНИ ЗА 300 УЧЕНИЦИ

Во понеделник, 24.12.2018 г. во Општина Бутел (голема сала), во 11,00 ч. градоначалникот Велимир Смилевски ќе подели нови зимски јакни на 300 ученици  од социјално ранливи семејства од основните училишта в Општината.

Инаку, детските зимски јакни се донација од компанијата ,,Здравје Радово,,.

Општина Бутел доби уште една предновогодишна донација од невладината организација: ,,Македонски центар за граѓанско образование,, во која има 100 јакни за возрасни, 100 дождовни мантили и 50 носачи за бебиња, попознати како кенгури. Но, нивната распределба ќе биде направена по новогодишните празници.