соопштенија

OСМА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

Утре, 26.04.2018 г. (четврток), со почеток во 11,00 ч. Советот на Општина Бутел ќе ја одржи својата осма седница. Советниците ќе расправаат по следниов дневен ред:

  1. Предлог-Одлука за усвојување на периодични ивештаи за првиот квартал од 2018 година.
  2. Предлог–Одлука за изработка на Локална урбанистичко – планска документација на дел од К.П. 1983, КО Љуботен, Општина Бутел.
  3. Предлог – Заклучок за ПРИФАЌАЊЕ – НЕПРИФАЌАЊЕ на иницијатива за изработка на ДУП за градска четврт ССИ06, блок ССИ06.05, Општина Бутел.
  4. Предлог – Заклучок за ПРИФАЌАЊЕ – НЕПРИФАЌАЊЕ на иницијатива за отпочнување на постапка за ДУП за градска четврт Ц 24, блок Ц 24.02, Општина Бутел.
  5. Предлог – програма за изменување и дополнување на Програмата (Ф) Урбано планирање за 2018 година.

Предлог – Одлука за избор на членови на Советот на млади на Општина Бутел

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежни парцели согласно УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел-Скопје во Блок 1 на КП 1634/1 со класа на намена А1-домување во станбени куќи

                            

                  ОПШТИНА БУТЕЛ

Бр. 09-1207/7  од 16.04.2018 год.

                             Скопје

 

Врз основа на член 35, а во врска со член 51 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 163/2016 и 90/2017), Градоначалникот на Општина Бутел го дава следното:

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат граѓаните и правните лица дека Градоначалникот на Општина Бутел донесе Одлука за организирање на:

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежни парцели согласно УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел-Скопје во Блок 1 на КП 1634/1 со класа на намена А1-домување во станбени куќи

 

 

Просторот дефиниран за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежни парцели согласно УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел-Скопје во Блок 1 на КП 1634/1 со класа на намена А1-домување во станбени куќи се наоѓа во општина Бутел. Површината на проектниот опфат изнесува 3218 м².

Просторот дефиниран за изработка на aрхитектонско урбанистички проект ја опфаќа катастарска парцела бр.1634/1 во катастарска општина Визбегово, општина Бутел. Во границите на катастарската парцела се предвидуват четири градежни парцели. Површината на проектниот опфат изнесува 3218м2. Теренот е со пад од север кон југ.

Проектниот опфат од северната страна граничи со катастарска парцела во приватна сопственост на која има изградено објекти за индивидуално домување, од западната и јужната страна граничи со градежно не изградено земјиште, а од источната страна граничи со пристапна улица. Пристап во парцелите е обезбеден од источната страна поточно од новопланирана улица„ 1“ .

 

Изработениот Архитектонско-урбанистички проект со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Јавната анкета ќе се одржи од 23.04.2018 година до 27.04.2018 година (пет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

 

Соопштение за организирање на јавна анкета е објавено во Јавните гласила, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

 

Јавната презентација по Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежни парцели согласно УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел-Скопје во Блок 1 на КП 1634/1 со класа на намена А1-домување во станбени куќи, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 25.04.2018 год., со почеток во 11:00 часот.

 

 

 

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски

           

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела 7.1. на КП 257/2, за намена Г4-стоваришта во Блок 7, од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел–Скопје

                            

                  ОПШТИНА БУТЕЛ

Бр. 09-825/12  од 16.04.2018 год.

                             Скопје

 

Врз основа на член 35, а во врска со член 51 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.весник на РМ бр.199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016 163/2016 и 90/2017), Градоначалникот на Општина Бутел го дава следното:

 

 

С О О П Ш Т Е Н И Е

 

Се известуваат граѓаните и правните лица дека Градоначалникот на Општина Бутел донесе Одлука за организирање на:

 

ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА И ЈАВНА АНКЕТА

за Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела 7.1. на КП 257/2, за намена Г4-стоваришта во Блок 7, од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел–Скопје

 

 

Просторот дефиниран за изработка на Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела 7.1. на КП 257/2, за намена Г4-стоваришта во Блок 7, од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел–Скопје, со својата местоположба припаѓа на територија на Општина Бутел. Проектниот опфат кој е предмет на оваа проектна документација, зафаќа простор од 876,8672 м² или 0,0877 ха.

Проектниот опфат на овој Архитектонско урбанистички проект е дефиниран со следните Х и У координати:

 

X                           Y

X=7533040.2498   Y=4655379.2703

X=7533029.5624   Y=4655370.0727

X=7533076.8208   Y=4655318.7876

X=7533085.5098   Y=4655322.6603

X=7533071.2750   Y=4655342.0018

X=7533064.2698   Y=4655351.5203

 

Изработениот Архитектонско-урбанистички проект со графичките прилози ќе биде изложен на јавно место во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Јавната анкета ќе се одржи од 23.04.2018 година до 27.04.2018 година (пет работни дена), секој работен ден од 08.30 до 15.30 часот во просториите на Општина Бутел во Сала за состаноци (Мала сала).

 

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица можат да достават забелешки на анкетни листови во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма.

 

Анкетните листови за учество во Јавната анкета може да се подигнат во Општина Бутел  (портирница).

 

Соопштение за организирање на јавна анкета е објавено во Јавните гласила Нова Македонија и Коха, во информацискиот систем е-урбанизам и на веб страната на Општина Бутел.

 

Јавната презентација по Архитектонско-урбанистички проект за формирање на градежна парцела 7.1. на КП 257/2, за намена Г4-стоваришта во Блок 7, од УПВНМ за индустриска зона Визбегово /разработка на Блок 12/, КО Визбегово, општина Бутел–Скопје, ќе се одржи во просториите на Општина Бутел, во Сала за состаноци (Мала сала), на ден 25.04.2018 год., со почеток во 10:00 часот.

 

 

 

                                                                                             ГРАДОНАЧАЛНИК

                                                                                                             Велимир Смилевски

           

утре, 11.04.2018 (среда), во 11,00 ч. ќе се одржи културната манифестација ,,Цветници 2018,,

Во Општина Бутел, утре, 11.04.2018 (среда), во 11,00 ч. ќе се одржи културната манифестација ,,Цветници 2018,,.

Станува збор за изложба на 30 – на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора на колекционерот Достана Караѓозовска Станковска.

На етно изложбата ќе бидат презентирани и  ракотворбите ( везеници и ткаеници) на членовите на ЗУР Арти Крафт, инспирирани од народното богатство на Македонија.

Свеченото отворање на етно изложбата ќе биде збогатено со настапот на членовите на КУД ,,Седенка,, и со хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на Општина Бутел.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2018 г.

СООПШТЕНИЕ ЗА СОБИРНАТА АКЦИЈА ЗА ЕЛЕКТРИЧЕН ОТПАД

Почитувани граѓани!
Ве информираме дека Општина Бутел денеска, 05.04.2018 г. постави три контејнери за собирање на електричен отпад на следниве локации:

– Пред Општина Бутел
– Пред ОУ ,,Ацо Шопов,,
– Пред ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,,

Ги повикуваме граѓаните да го подготват непотребниот електричен отпад до официјалниот почеток на акцијата на
14 и 15.04.2018 г. ( сабота и недела) кога ќе можат да ги изнесат старите, расипаните и непотребните електрични апарати, пред своите домови или стамбени згради.
Акцијата ќе се одвива по следниов редослед:

– На 14.04.2018 г. (сабота) од 9,00 – 16,00 ч. за граѓаните од населба и село Радишани, Расадник и Љуботенски пат

– На 15.04. 2018 г. ( недела) од 9,00 – 14,00 ч. за граѓаните од Бутел 1 и 2 и Скопје север.

 

ОПШТИНА БУТЕЛ ДОМАЌИНСКО РАБОТЕЊЕ ВО 2017 ГОДИНА

На денешната седма седница на Советот на Општина Бутел експресно беа усвоени предвидените пет точки од дневниот ред.

За истакнување е фактот дека Годишниот извештај со петте потточки за работењето на општината во минатата 2017 е позитивен.

За домаќинското работење на Општина Бутел говорат и бројките од завршната сметка. Вкупните приходи за минатата година изнесувеле 382 244 698 ден. а вкупните расходи се во висина од 358 072 409 ден.

СЕДМА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

Утре, 14.03.2018 г. (среда), со почеток во 11,00 ч. Советот на Општина Бутел ќе ја одржи својата седма седница. Советниците ќе расправаат по следниов дневен ред:

  1. Годишен извештај на Општина Бутел за 2017 г. со следните точки:
  • Предлог завршна сметка на Општина Бутел за 2017 г.
  • Извештај за средствата и изворите на средствата на Општина Бутел за 2017 г.
  • Извештај за побарувањата и обврските на Општина Бутел за 2017 г.
  • Извештај за реализација на инвестиционите програми на Општина Бутел за 2017 г.
  • Извештај за реализација на блок дотациите на Општина Бутел за 2017 г.
  • Извештај од одговорниот сметководител
  1. Годишен извештај за користење на средства од резервите на Општина Бутел во 2017 г.
  2. Предлог-буџетски календар на Општина Бутел за 2019 г.
  3. Предлог – програма за изменување и дополнување на програмата за работа во областа на располагање со градежно земјиште во сопственост на Република Македонија на подрачјето на Општина Бутел за 2018 г.

Давање согласност на Годишен план за вработување за 2019 г. на Општина Бутел.

СООПШТЕНИЕ За финансирање и организација на манифестацијата „Љубански карневал – Прочка 2018″

Врз основа на член 49 став 4 од Законот за здруженија и фондации (“Службен весник на РМ“ бр. 52/10, 135/11“) Комисијата за избор и доделување на финансиски средства на здуженија на граѓани, културно-уметнички друштва и НВО  на Општина Бутел, објавува

 

СООПШТЕНИЕ

 

  1. За финансирање и организација на манифестацијата „Љубански карневал – Прочка 2018“ согласно програмата К4 – Културни манифестации и творештво од Буџетот на Општина Бутел за 2018 година се одвоени 60.000,00 денари.
  2. Комисијата за доделување на средства како парична помош на спортски клубови, културно-уметнички друштва, социјална помош и штети од елементарни непогоди на ден 13.02.2018 година објави Jавен повик  за искажување на интерес и прибирање на пријави за користење на средства наменети за организирање на манифестацијата „Љубански карневал – Прочка 2018“.
  3. Согласно со јавниот повик доставено е едно  барање за доделување на средства за организирање на манифестацијата, со оглед на горе наведеното Комисијата објавува дека средствата во износ од 60.000,00 денари се доделени на:

 

„ЗДРУЖЕНИЕ ЗА ЗАШТИТА НА КУЛТУРНОТО НАСЛЕДСТВО ЉУБАНСКИ КАРНЕВАЛ – ПРОЧКА“

 

 

 

 

Број 09-281/4

Скопје, 14.02.2018

Комисијата за избор и доделување

на финансиски средства на

здруженија на граѓани

Претседател

Општина Бутел започнува акција за чистење на хаварисани возила од јавните површини!

Ги известуваме сите сопственици на хаварисани возила, кои се застарени или оштетени од некоја сообраќајна несреќа,  но и камиони и автобуси кои се вон употреба, да бидат одговорни  и во рок од 7 дена да  се погрижат за отстранување на возилата од јавната површина.

Во следна фаза, оние возила кои кои нема да бидат подигнати од јавните површини, по налог на комуналната инспекција, како и од компанијата за извршување со асистенција на полицијата, ќе се превземе непопуларна мерка, односно присилно ќе се отстранат  и ќе се однесат во депото на компанијата.

Ве охрабруваме активно да се вклучите во акцијата за чисти јавни површини и здрава животна средина и да пријавите непочитување на законот за јавна чистота  на мејл адреса opstina_butel@yahoo.com и во порака https://www.facebook.com/opstinabuteloficijalen/ секој работен ден.

По член 14 и 14-а од законот за јавна чистота на јавни површини забрането е:

–       Фрлање и оставање на хартија, отпушоци, мастики, амбалажи, земја, отпадоци од растенија, песок и други отпадоци освен на места определени за таа намена.

–       Оставање на стари предмети од домаќинство и смет од вршење на дејности покрај садовите за собирање на смет, освен на места определени од општината

–       Оставање на фекални остатоци од домашни миленици и мртви животни, живина и птици во садови за отпад, освен за места определени за таа намена

–       Колење на кокошки и друго живина и животни

–       Испуштање на отпадни води и други течносто од дворните места и објекти

–       Истурање или испуштање на течности во садови за отпад, на улици, во канали, реки и езера.

–       Сечење, складирање, сечење на дрва, јаглен и слично, освен за места определени за таа намена.

–       Оставање на запрежни коли, трактори, земјоделски машини и алатки.

–       Чување и напасување на крупен добиток и живина

–       Продажба и излагање на земјоделски и индустриски производи освен на места определени за таа намена.

–       Поставување на урбана опрема и други подвижни и неподвижни предмети

–       Мешање на бетон, малтер, освен на места што ќе ги определи општината

–       Растурање на сметот од вреќи, контејнери и други видови садови за собирање смет

–       Фрлање, односно оставње на смет до контејнер и други видови садови за собирање на смет

–       Фрлање смет од кои било кат од стамбена зграда или куќа во двор

–       Поставување на контејнери и други видови садови за собирање смет надвор од определени места за нивно поставување, согласно со нивната намена

–       Плукање или секнење нос на јавни површини

–       Лепење на плакати на кое било јавно место освен за места определени за таа намена и

–       Вршење на физиолошки потреби

–       Фрлање и оставање отпадоци од градежен материјал ( градежен шут)

–       Палење , закопување и уништување на смет

–       Превоз на песок, земја, цемент, глина, земјоделско ѓубре, отпад или слични материјали без претходна подготовка и поклопување на материјалите со поклопец

–       Вклучување во сообраќај на моторни, влечни и запрежни возила од стовариште или градилиште  со валкани тркала

–       Поправање, сервисирање на возила и вршење на разни занаетчиски работи

–       Палење и уништување на садовите за собирање смет

–       Уништување на урбаната и друга опрема ( клупи, фонтани, билборди, опрема на детски игралишта)