Со законот за новата територијална поделба од 11 авуст 2004 година се формира новата Општина Бутел која во минатото беше во склоп на Општината Чаир. Формирана е на 22 Април 2005г. Кога за прв пат е оддржана седница на Советот на општината.
Општина Бутел ја сочинувааат:
| Население | Домаќинства | |||
| Вкупно | 36.154 жители | Домаќинства | 10.055 | |
| Машки | 18:083 жители |
Станови живеалишта |
11.077 | |
| Женски | 18.071 жители | |||
| Националност | Образование (лица над 15 години) | |||
| Македонци | 62.25% | Без основно | 733 | |
| Срби | 2.86% | Некомплетно основно | 1.964 | |
| Албанци | 25.19% | Основно | 8.037 | |
| Роми | 1.55% | Средно | 14.603 | |
| Власи | 0,33% | Вишо | 991 | |
| Турци | 3.61% | Високо | 2.244 | |
| Бошњаци | 2.68% | Магистри | 66 | |
| Други | 1.53% | Доктори | 52 | |
| Возрасни кои учат ОУ | 29 | |||
Вкупен број на население: 36154 жители
Територија 57 км²;
Населби: Скопје Север, Бутел 2, Бутел 1, Радишани, Љуботенски пат
Рурални подрачја: Визбегово, Радишани, Љубанци, Љуботен
Границата на Општината Бутел започнува од западната ограда на Градските гробишта “Бутел” (тромеѓа на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер - Сандево) и се движи по улицата Македонско - косовска бригада 10 до железничката пруга Скопје Север - Ѓорче Петров, свртува на запад по железничката пруга до локалниот пат за село Визбегово, свртува по локалниот пат за село Визбегово, продолжува по надворешната граница на КО Визбегово до надвозникот на железничката пруга со магистралниот пат Блаце - Скопје, свртува на југ по магистралниот пат Блаце - Скопје до крстосницата со новата улица планирана со Генералниот урбанистички план на градот Скопје, свртува на исток по улицата до крстосницата со улиците Втора македонска бригада и Македонско-косовска бригада, продолжува на исток по улицата Втора македонска бригада до крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски - Карпош, свртува по булеварот Христијан Тодоровски - Карпош, на југ до Центарот за дератизација и заобиколувајќи го излегува на границата на парк-шумата “Гази Баба” (тромеѓа на општините Бутел, Чаир и Гази Баба), се движи по западната граница на парк-шумата, ја сече улицата Ферид Бајрам и излегува на улицата Хрватска, свртува на северозапад по улицата Хрватска до крстосницата со булеварот Христијан Тодоровски - Карпош, продолжува на север по надворешните граници на КО Бутел, КО Радишани, КО Љуботен, КО Љубанци и повторно се движи по надворешните граници на КО Радишани и КО Бутел до тромеѓата на општините Бутел, Шуто Оризари и Чучер - Сандево.






