Category: Uncategorized

Локалната самоуправа на Општина Бутел по повод празникот Курбан Бајрам упатува честитка до сите верници од исламска вероисповед, им посакува наjискрени честитки за добро здравје, бериќет, среќа и духовно прочистување.

Првиот ден од Курбан Бајрам е неработен ден за сите граѓани од исламска вероисповед.

Претставници од Општина Бутел и Младинскиот Совет на Општина Бутел присуствуваа на настанот „ЕВРОПА ЗБОРУВА„

Претставници од Општина Бутел и Младинскиот Совет на Општина Бутел присуствуваа на настанот „ЕВРОПА ЗБОРУВА„ кој беше реализиран во периодот од 10 до 13 мај 2018 година во Белград, Србија.Организатор на настанот беше Општина Врачар, Белград и Здружението на граѓани Либеро од Белград, во партнерство со Организацијата “Прони” од Брчко, Организацијата за културна соработка Интеркултура од Скопје, “Млади Змаји” од Љубљана и меѓународната организација “Оут оф тхе бокс”, со присуство на претставници на локалните власти од Општина Врачар – Белград Општина Бутел – Скопје, Брчко и Љубљана. Овој проект е поддржан од програмата “Европа за граѓаните” на Европската унија. Учесниците во овој проект, како и голем број заинтересирани граѓани, имаа можност преку бројни активности да се запознаат подобро со Европската унија и да добијат корисни, објективни и точни информации за вредностите и политичкиот систем на ЕУ. Младите луѓе имаа можност да разговараат за Европската Унија и да разменат искуства во оваа област со своите врсници од други земји преку работилници и интеркултурни активности на различни локации во општина Врачар.

МЛАДИТЕ ИНТЕГРИРАНО ДЕЛУВААТ ЛОКАЛНО

На 10 мај среда)  2018 година, во преполната голема сала на Општина Бутел се одржаа ,,Младинските разговори“ на тема „Младите интегрирано делуваат локално“ во рамки на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, спроведуван од страна на Македонски центар за граѓанско образование, во партнерство со Младински образовен форум.

На настанот учество зедоа повеќе од 100-тина ученици и наставници од основните и средните училишта вклучени во првата фаза на Проектот, кои дискутираа на теми што се од значење за младите од оваа општина.

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави присутните и изрази големо задоволство што овој проект се одржува во Општина Бутел и ги замоли присутните млади да ги постават сите прашања што ги засегаат, но и да инсистираат да ги добијат сите одговори.

Освен градоначалникот Смилевски други панелисти на трибината беа: Џевахире Пруси Зајази – координатор на  Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, Катерина Ничевска Мартиновска – директор на ОУ ,,Панајот Гиновски,, Верче Петрова – наставник од ОУ ,,Живко Брајковски,, и претседателот на младинскиот образовен форум, Стефани Спировска.

Настанот има за цел да им овозможи на младите ученици подобрување на културата на дијалогот, зајакнување на нивото на аргументираното говорење, поттикнување на општествена дискусија на релевантни теми и интеграција во општеството.