Category: Новости

Европскиот првак во хип- хоп за 2017 год Мила Србиновска, во посета на градоначалникот Велимир Смилевски

Во Петокот градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски, оствари средба со Мила Србиновска, европски првак во хип- хоп за 2017 година, во категоријата соло мини деца.

(more…)

ОТВОРЕНА ЗА ГРАЃАНИТЕ ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ,,ЉУБАНЦИ 2015/16/17,,

Синоќа, 25.04.2018 г. (среда) во големата сала на Општина Бутел беше отворена ликовната изложба на делата создадени на ликовните колонии ,,Љубанци 2015/16/17,,.

Станува збор за 50 дела на 28 ликовни уметници учесници на последните три одржани ликовни колонии во живописното Љубанци. Љубителите на ликовната уметност имаа можност да видат: 44 слики, два релјефа во дрво, три скулптури во дрво и една скулптура во мермер.

Градоначалникот Велимир Смилевски ги поздрави присутните, изрази задоволство од бројот, но и од квалитетот на уметничките дела и порача дека негувањето и растежот на ликовната традиција во Општина Бутел ќе продолжи. Веќе во јуни ќе ја одржиме осмата ликовна колонија ,,Љубанци 2018,, – истакна градоначалникот Смилевски.

Покрај уметничките дела на нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Орце Гогов, Новица Трајковски, Харалампие Манчев и други,можеа да се видат и сликите на уметниците од Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Станува збор за истакнатите ликовни уметници: Боштјан Плесничар, Владан Ранѓеловиќ, Ирена Ранѓел, Теодора Јанушка, Мита Ристиќ и др.

На изложбата беше промовиран специјално подготвениот каталог во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

Атмосферата на ликовната изложба беше збогатена со настапот на гудачкиот квартет ,,Полихимнија,, од Скопје.

За сите љубители на ликовната уметност изложбата ќе биде отворена до 04.05.2018 г

ОТВОРАЊЕ НА ЛИКОВНА ИЗЛОЖБА ,,ЉУБАНЦИ 2015/16/17,,

Во Општина Бутел (голема сала), утре, 25.04.2018 г. (среда) во 19,00 ч. ќе биде отворена ликовната изложба на делата создадени на ликовните колонии ,,Љубанци 2015/16/17,,.

Станува збор за 50 дела на 28 ликовни уметници учесници на последните три одржани ликовни колонии во живописното Љубанци. Љубителите на ликовната уметност ќе имаат можност да видат: 44 слики, два релјефа во дрво, три скулптури во дрво и една скулптура во мермер.

На изминатите три ликовни колонии, покрај нашите реномирани ликовни уметници како што се: Данчо Ордев, Владимир Лазоски, Орце Гогов, Новица Трајковски, Харалампие Манчев и други, сликаа и уметници од Србија, Словенија и Босна и Херцеговина. Станува збор за истакнатите уметници: Боштјан Плесничар, Владан Ранѓеловиќ, Ирена Ранѓел, Теодора Јанушка, Мита Ристиќ и др.

На изложбата ќе биде промовиран специјално подготвениот каталог во кој се презентирани уметниците и нивните дела.

Исто така, ликовната изложба ќе биде збогатена со настапот на гудачкиот квартет ,,Полихимнија,, од Скопје

 

Во Општина Бутел денеска, 11.04.2018 беше отворена културната манифестација ,,Цветници 2018,,.

Станува збор за изложба на 30 – на народни носии од Скопска Блатија и Скопска Црна Гора на колекционерот Достана Караѓозовска Станковска.

На етно изложбата се презентирани и  ракотворбите ( везеници и ткаеници) на членовите на ЗУР Арти Крафт, инспирирани од народното богатство на Македонија.

Градоначалникот Велимир Смилевски ја поздрави оваа прва манифестација, чија цел е да се заштити културното наследство на нашите претци и порача дека нејзиното одржување ќе стане традиционално.

Свеченото отворање на етно изложбата беше збогатено со настапот на членовите на КУД ,,Плетеница,, под раководство на Жаклина Богдановска и со повеќе изворни народни песни во изведба на хорот и оркестарот на Здружението на пензионерите на Општина Бутел.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2018 г.

Реализирани проекти во првите 100 дена на градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски

  1. Поставено е ново улично осветлување на кракот од бул. ,,Македонско Косовска Бригада,, до ,,Смилевска,, именуван како ,,Словенија 03,,- 21 метален столб, висина: 4,5 м. со бетонски фундаменти, подземна електрична инсталација, натриумови светилки од 70 вати.
  2. Изградивме две улици: крак од улицата ,,3,, во Визбегово и крак од улицата ,,30,, во Љуботенски Пат. Нивната вкупна должина изнесува околу 400 м. а улицата во Љуботенски пат доби тротоар во должина од 190 м. од бекатон плочки обрабен со големи и мали рабници. Останува да се изврши нивното асфалтирање, веднаш штом ќе почнат со работа асфалтните бази.
  3. Вредна за споменување е и новата меѓународна манифестација на општина Бутел: есенски базар на домашни ракотворби: ,,Занаетчиски колаж 2017,, која ќе стане традиционална.
  4. Реализирана е големата акција за чистење на општина Бутел во рамките на чистењето на Скопје.
  5. Ја одбележавме 108-та годишнина од раѓањето на поетот и револуционер Никола Јонков Вапцаров.
  6. Го завршивме проектот за млади лидери со завршната манифестација: ОРАТОРСКА ВЕЧЕР.
  7. Избравме три најубаво накитени дворови и куќи по повод новогодишните и божиќните празници.
  8. Организиравме новогодишна прослава за учениците од основните училишта во големата сала на Општина Бутел и доделивме околу 1000 новогодишни пакетчиња.
  9. Инсталиравме посебна линија за јавувања на граѓаните за пожари на отворено, како активност за намалување на загаденоста на воздухот.
  10. Во градинката ,,11Октомври,, (матичен објект) во Скопје Север заменета е кровната конструкција над двата влеза.
  11. Отворени денови на Општина Бутел за учениците од основните училишта ( досега две организирани посети), исто така за граѓаните има прием секој ПЕТОК.
  12. Активности околу формирање на ЕКОНОМСКИ ФОРУМ на општина Бутел, повеќе средби, активности, донации со и од Здружението на стопански субјекти од индустриската зона Визбегово.
  13. Покажавме грижа за спортот и спортистите, а доделивме и благодарници на државните прваци ви кик-бокс.
  14. Отворивме матична служба во просториите на Општина Бутел и создадовме услови за користење на големата сала за венчавки на нашите граѓани.
  15. Иработка на проект за изградба на пешачка патека на последната автобуска станица на бројот 59, кон реката Серава.
  16. Средба- трибина на градоначалникот Велимир Смилевски и министерот за земјоделие Љупчо Николовски со земјоделците од Општина Бутел, со цел подобро искористување на средствата од ИПА – фондовите.
  17. Акција за чистење на хаварисани возила од јавните површини.
  18. Општина Бутел се приклучи во одбележувањето на Светската иницијатива: ,,Со велосипед на работа во зимски услови,,. Градоначалникот секој петок доаѓа на работа со велосипед.
  19. Актиности за подобрување на условите за работа на ОУ ,,Лиман Каба,, во Љуботен.
  20. Реализирана е акцијата за чистење на просторот околу АКВАДУКТОТ.
  21. Општината го помогна и активно учествуваше во одржувањето на ЉУБАНСКИОТ КАРНЕВАЛ 2018, што се одржа на Прочка во Љубанци.
  22. Изработен е изведбен проект за изградба и асфалтирање на две улици во Визбегово со вкупна должина од 2 000 метри.
  23. Изработен е изведбен проект за изградба и асфалтирање на две улици во Радишани на две улици во должина од 200 м.
  24. Завршен е проектот за поставување на ново улично осветлување во с. Љуботен.
  25. Изработен е проект за пешачка патека долж реката Серава на потегот од с. Радишани ( последна автобуска станица на 57) до Живко Брајковски.

 

ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ ДЕЛ ОД ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ДЕН “СО ВЕЛОСИПЕД ВО ЗИМА”

Денеска, Општина Бутел се приклучи кон иницијативата за одбележување на интернационалниот ден: ,,Во зима со велосипед на работа,,.

Градоначалникот Велимир Смилевски и дел од општинската администрација пристигнаа на работа со велосипеди наместо со автомобили. Исто така, и за останатите активности на терен и за посетата на училиштето ,,Иднина,, беше употребен велосипедот.

Инаку, градоначалникот Смилевски ја поддржува оваа глобална иницијатива за поддигнување на свеста за придобивките од користењето на велосипедот како превозно средство до работа и до училиште во текот на целата година. Токму затоа градоначалникот вети дека во иднина секој петок ќе доаѓа на работа со велосипед.

IMG 0013

ОПШТИНА БУТЕЛ ИЗБРА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СОВЕТ

На денешната петта седница на Советот на Општина Бутел за претседател беше избран досегашниот претседавач, Мирче Тодоровски. Тој е од листата на ВМРО ДПМНЕ, но за него гласаа осумте советниците од СДСМ и еден од ДУИ, а против беа преостанатите седум советниците на ВМРО ДПМНЕ и советникот од БЕСА.

Инаку, поминаа сите точки од дополнетиот дневен ред, а ги издвојуваме следниве одлуки:

Ќе се воведе двосменско работење на градинките за 35 дечиња кои ќе бидат сместени во централната градинка на ЈУ ,,11 Октомври,, во Скопје Север.

Исто така, Советот го избра Саша Комненовиќ за нов командир на полициската станица во Бутел1.

Избрани се нови членови на училишните одбори во сите основни училишта ( претставници од општината), како и членови во Управниот одбор на градинката.

Доненсен е годишниот план за енергетска ефикасност на Општина Бутел за 2018 г, програмата за отпад за 2018 г. програмата за работа на Советот на општина Бутел за оваа година

ИНФРАСТРУКТУРНА ГРАДЕЖНА ОФАНЗИВА ВО БУТЕЛ

Изградба на неколку локални улици, подготовки за градба на булевар што ќе поминува низ општината и негово реализирање, нови училишта и градинки се само дел од проектите што наредниве години ќе се реализираат во општината Бутел. Градоначалникот Велимир Смилевски најавува и разработување на индустриските зони во општината, но и грижа за екологијата, културата и спортот во општината, а секако во фокусот ќе бидат и најмладите жители на оваа општина. 

Изминативе неколку месеци беше поставено ново улично осветлување на кракот од булеварот,Македонско-косовска бригада до Смилевска, именуван како Словенија 03. Станува збор за голем зафат, бидејќи се поставени 21 метален столб, со височина од 4,5 м, на исто толку бетонски фундаменти. Инсталирана е нова подземна електрична инсталација, која ги напојува натриумовите жолти светилки со јачина од 70 вати.
– Овој проект е многу важен не само за стопанските објекти што се наоѓаат по должината на улицата туку и за граѓаните, особено за учениците што ја користат одејќи кон училиштето и кон дома. Кога сме кај осветлувањето, да додадам дека правиме целосно сервисирање на постојното улично осветлување. Правиме промена на прегорените светилки, фасонки, заштитни стакла, придушници, осигурувачи, трафоа и сѐ што е потребно за да имаме ефикасно улично осветлување на целата територија на општината – истакнува градоначалникот на општината Бутел, Велимир Смилевски.

Од кабинетот на градоначалникот исто така информираат дека општината успеа да изгради и две улици: крак од улицата 3 во Визбегово и крак од улицата 30 во Љуботенски Пат.  Нивната вкупна должина изнесува околу 400 м, а улицата во Љуботенски Пат доби тротоар во должина од 190 м, од бекатон-плочки, обрабен со големи и мали рабници. Останува да се изврши нивното асфалтирање, веднаш штом ќе почнат со работа асфалтните бази.

Кога е во прашање Бутел, треба да се спомене и новата меѓународна манифестација на општината Бутел – есенскиот базар на домашни ракотворби „Занаетчиски колаж 2017“, која ќе стане традиционална. Има и други активности што се реализирани за помалку од два месеца, како што беше големата акција за чистење на општината Бутел во рамките на чистењето на Скопје.
Сепак, значајно е што Советот на општината Бутел го изгласа буџетот за 2018 г.

– Многу работа стои пред нас. Идеите, потребите и барањата на граѓаните се неисцрпни. Во текот на зимските месеци ќе ги правиме приоритетните планови и подготовки за проектите што се од суштинско значење за граѓаните и за општината Бутел  – истакнува градоначалникот Смилевски.

Таков проект, кој е од исклучително значење за сите граѓани, несомнено е изградбата на втората фаза на булеварот Христијан Тодоровски Карпош, како и изградбата, односно проширувањето на булеварот Босна и Херцеговина.
– Ќе почнеме со изградба на нова водоводна мрежа за Љубанци и Љуботен, атмосферска и фекална канализација, каде што е приоритетно потребно. Ќе ги развиваме и ќе ги јакнеме капацитетите на индустриските зони Визбегово, Расадник и Љуботенски Пат, бидејќи преку нивното работење ќе се обезбедат развојот и иднината на општината. Но она што сакам да го истакнам е дека грижата за младите ќе биде реализирана преку конкретни проекти, како за оние од предучилишна возраст, така и за училишната младина.
Претстои изградба на ново основно училиште во Визбегово и едно помало во Љуботен, во долниот дел од селото, како алтернатива за премостување на оддалеченоста на постојната училишна зграда, за да им се помогне на учениците да ги надминат своите проблеми, особено во зимскиот период.

Ќе се обидеме да ги решиме и потребите од спортска сала во Љуботен, се разбира претходно треба да се решат имотноправните работи на градежната парцела каде што ќе се гради спортскиот објект –  додава градоначалникот Смилевски. Тој вели дека треба да се изградат и две детски градинки, кои се ургентно потребни во населбата Бутел 1 и во Визбегово. Планирани се и многу други проекти чија реализација ќе зависи од можностите и капацитетите на општината Бутел.

НАГРАДЕНИ НАЈУБАВО УКРАСЕНИТЕ ДВОРОВИ 2018 ОПШТИНА БУТЕЛ

Денеска, 05.01.2018 г. (петок), градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски ги додели наградите за трите најубаво украсени дворови, по повод новогодишните и божиќните празници.

Оваа година жири комисијата  составена од вработени во општината, одлучи да додели три први награди, со цел да го поттикне натпреварувачкиот и естетскиот дух кај граѓаните на општина Бутел.

Првонаградени се: Денчо Јосимов за креацијата од украси и светилки со наслов ,,НОВОГОДИШНА И БОЖИЌНА МАГИЈА,,, Сашо Тодоров за неговиот двор кој е украсен во стилот на ,,НОВОГОДИШЕН ПАНАЃУР,, и Евица и Мирко Мариќ за нивниот украсен двор и куќа со светилки во бела боја заради што нивната креација носи наслов ,,НОВОГОДИШНА БЕЛА УБАВИНА,,.

Сопствениците на трите најубаво украсени дворови за новогодишните и божиќните празници 2018, наградени се со по 5 000,00 ден. а  добија и специјални благодарници од општина Бутел. Двајца од наградените, Мирко Мариќ и Сашо Тодоров, средствата ќе ги донираат во хуманитарни цели, а Денчо Јосимов ќе ги вложи во нови украси и светилки за наредната нова година.