Category: Новости

СОЛАРКА И ПЛУГ ЗА УЛИЦИ БЕЗ СНЕГ

Општина Бутел за тековната зимска сезона набави една соларка и еден плуг за одржување на сервисните улици што се во надлежност на Општината.

Соларката со капацитет од 400 л. ќе биде монтирана на едно од двете мини камиончиња, а за плугот е предвиден багер, за кого постапката е завршена, и на кој ќе биде монтиран плугот за чистење снег.

Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека индустриска сол е набавена за чистење на сервисните улици. За монтирање на плугот се очекува да пристигне багерот. Се разбира багерот ќе го користиме и за чистење на ѓубре од дивите депонии, како и за реката Серава, додаде градоначалникот.

Соларката, плугот и багерот се набавени преку фирмата ,,Матранчи Холдинг,, од Желино, во вредност од 379 000,00 ден.  за соларката и плугот, а багерот чини 3.803.352 ден. Или вкупно: 4.182.352 ден.

Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

 

ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ПРОЕКТИТЕ ЗА ДВЕ НОВИ ГРАДИНКИ

Денеска, петок, 21.12.2018 г. во преполната сала на Општина Бутел,  беше извршена јавна презентација на основните проекти за новите градинки: ,,Бутел 2,, и ,,Св. Климент Охридски,,.

Презентацијата на проектите беше реализирана од страна на професорките од Факултетот за архитектура и дизајн на  Американ колеџот од Скопје: Виолета Бакалчев и Викторија Еремеева Наумовска, кои се овластени проектанти на ,,БХ Архитектс,, – Тетово и  ,,Монт Импекс Инженеринг,, –  Скопје.

Во оваа пригода градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека ќе добиеме две нови современи градинки кои се проектирани согласно потребите на децата, кои ќе имаат кино сала, театар, базен и. т. н. Ова ќе бидат првите две градинки не само во Општината, туку и во Македонијакои кои ќе бидат проектирани и изградени според најсовремени стандарди, додаде градоначалникот Смилевски.

  

ЗАСАДЕНИ НОВИ 15 ЈАВОРИ

Денеска, понеделник, 17.12.2018 г. во населбата Расадник,  во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски засади 15 јавори.

Станува збор за неоплеменето место кое се наоѓа помеѓу улицата ,,Бутелска,, и оградата на расадникот, од неговиот влез кон мостот на Серава кон н. Радишани.

Во оваа пригода градоначалникот Смилевски изјави дека со оваа втора група на садници, вкупниот број изнесува дваесет новонасадени листопадни дрва. Оваа активност ќе продолжи и во наредните неколку месеци, се додека има поволни услови за садење, додаде градоначалникот на Општина Бутел, Велимир Смилевски.

 

     

ФЛАЕРИ И ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ ЗА ЗАШТИТА ОД ПОПЛАВИ

Денеска, четврток, 13.12.2018 г. во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски и Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Аднан Џаферовски, одржаа прес конференција по повод кампањата за намалување на заканата и заштитата од поплави, под мотото: ,,Иднината им припаѓа на оние што се подготвени,,.

Директорот Џаферовски изјави дека дирекцијата изготвила флаери и два документарни филмови за превенција од поплави кои од утре ќе бидат прикажувани во сите основни училишта на територија на Општина Бутел.

Грдаоначалникот Смилевски посочи дека едукацијата на младите е од исклучителна важност и затоа се предвидени предавања за сите ученици од основните училишта во Општината. Сепак, додаде градоначалникот, ние возрасните и институциите треба да направиме се што можеме до поплава да не дојде.

Денеска на пазарот и трговскиот центар во Бутел 1 се делеа флаери на граѓаните од Општина Бутел.

 

          

 

 

НОВО ОСВЕТЛУВАЊЕ ВО ЛИМАН КАБА

Деновиве, Општина Бутел постави ново осветлување во дворот на ОУ ,,Лиман Каба,, во Љуботен. За целосно осветлување на дворот од сите четири страни поставени се десет електрични столбови на кои се инсталирани 14 натриумови светилки.

Инаку, досега се осветлени останатите дворови на градинките и основните училишта на територијата на Општина Бутел.

Изведувач на работите е КОД Инженеринг Скопје.

Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

НОВА ПАТЕКА И НОВИ САДНИЦИ

 

Денеска, (понеделник)  во Општина Бутел, градоначалникот Велимир Смилевски ги засади првите 14, од вкупно 60-те садници, како придонес во подобрувањето на животната средина на граѓаните.  Тие се засадени долж новата пешачка патека, која ја поврзува ул. ,,Бутелска,, со спортската сала ,,Антон Димитров,,

Градоначалникот Смилевски, во својата изјава додаде дека бројот на садниците постојано ќе се зголемува на целата територија на Општината. Во наредниот период ќе се средува и задниот двор на детската градинка, чија ограда се граничи со новоизградената пешачка патека. Исто така, во иднина со изградбата на нови пешачки патеки и улици, паралелно ќе се засадуваат и нови листопадни и зимзелени дрва.

 

“Превенцијата во фокус на интересот на МВР и ОБСЕ“.

Денес,по повод одбележувањето на 9 декември” Денот на полициска превенција”, и во склоп на активностите на Единицата за развој на полицијата при мисијата на ОБСЕ во Скопје,а во соработка со Секторот за превенција при СВР-Скопје,градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски заедно со Градоначалниците на скопските општини,Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски,командирите на полициските станици,преставници на верските заедници и Амбасадорот на мисијата во ОБСЕ во Македоија, учествуваше на конференција под наслов “Превенција во фокус на интересот на МВР и ОБСЕ“
Континуираната соработка со надлежните институции во насока на зголемување на безбедноста на жителите на општина Бутел продолжува и понатака,со цел создавање посигурна и побезбедна општина за нашите граѓани.

ОДБЕЛЕЖАНИ 109 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВАПЦАРОВ

 

Денеска, 07.12.2018 г. во Општина Бутел се одржа манифестацијата ,,Чествување за Никола Јонков Вапцаров,, по повод 109 годишнината од неговото раѓање.

Градоначалникот Велимир Смилевски и бројни делегации од основните училишта, здруженија на граѓани и почитувачи на ликот и делото на Никола Јонков Вапцаров положија свежо цвеќе пред неговиот споменик.

Во поздравниот говор градоначалникот Смилевски истакна дека ликот и делото на Вапцаров треба да биде пример и поттик како за денешните така и за идните генерации. Говореше за неговата трагична смрт и борбата за слобода. Се осврна и на неговото поетско творештво кое е со европски квалитет. Вонсерискиот талент на Никола Јонков Вапцаров, додаде Смилевски, едноставно блика од секој негов стих во стихозбирките: ,,Моторни песни,, и во посмртно издадената поетска збирка ,,Антологија,,.

 

Потоа се одржа пригодна програма во која учениците од основните училишта рецитираа поетски творби од Вапцаров, а КУД ,,Никола Јонков Вапцаров,,, кое годинава одбележува 40 години од постоењето, ги исполни ората: ,,Тешкото,, и ,,Тресеница.

  

 

ПРОЧИСТУВАЧИ ЗА ВОЗДУХ ВО ГРАДИНКИТЕ

Денеска, Градоначалникот на Општина Бутел, г-дин Велимир Смилевски донираше осум прочистувачи за воздух за сите јаслени групи во градинките.Во тек е набавка на уште 28 прочистувачи со кои ќе бидат покриени просториите за сите возрасни групи на дечиња во шесте објекти на ЈУ Детска градинка ,,11 Октомври,,.Градоначалникот Смилевски истакна дека грижата за најмладите е континуирана, особено во овие зимски месеци кога загадувањето на воздухот е зголемено. Барем престојот во градинките да им го направиме поздрав и попријатен, истакна градоначалникот.

     

МЕЃУЕТНИЧКА ИНТЕГРАЦИЈА НА МЛАДИТЕ ВО ОБРАЗОВАНИЕТО

Денес,во рамките на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието,беше остварена посета од висока делегација на УСАИД,предводена од г-динот Дејвид Браун,Деск-офицер за Македонија,УСАИД Вашингтон.
Станува збор за петгодишна иницијатива,имплементирана од Македонскиот центар за граѓанско образование ,во соработка со Министерството за образование и наука,клучни образовни институции и сите општини и училишта во Македонија.
Во рамки на денешната посета,се оствари и заедничка средба меѓу високиот претставник од УСАИД и Градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски,на која учествуваа и преставници од општината,директорот на ОУ Живко Брајковски,ученици,родители и членови на тимот за училишна интеграција (СИТ),членови на тимот на самиот проект.Предмет на дискусијата беше самата важност на процесот на меѓуетничка интеграција во образовниот систем,влијанието на училишните активности преку кои се овоможува интеракција,кохезија и соработка меѓу младите луѓе од различни етнички заедници.
При посетата на ОУ” Живко Брајковски”,како носител на овој проект беа презентирани резултатите од младинските иницијативи (пешачки премин) како и презентација на резултатите од заедничките ученички активности (3Д Сончев систем,корпи за рециклирање и рачни изработки).
Градоначалникот Велимир Смилевски,истакна дека општина Бутел останува и понатаму активен учесник во проекти од ваков тип,преку кои ќе се промовира меѓуетничката интеграција на ниво на училиштата и заедницата,додека нашата општина да послужи како пример за останатите меѓуетнички општини да се вклучат во активности од ваков карактер.