Author: webmaster

ЈАВЕН ПОВИК за доставување на иницијативи за изработка на Урбанистички планови

Јавниот повик се распишува согласно член 21 од Закон за просторно и урбанистичко планирање („Службен весник на Република Македонија“ бр. 199/2014, 44/2015, 193/2015, 31/2016, 163/2016, 64/2018 и 168/18), во првиот квартал од  2019 година.

 

  • Јавниот повик ќе трае од 02.2019 до 21.03.2019 година.
  • Јавниот повик ќе биде објавен на веб страната на Општина Бутел opstinabutel.gov.mk, на огласна табла во општината, во информацискиот систем е-урбанизам, во службено гласило на Општина Бутел, во дневниот весник “Нова Македонија” и дневниот весник “Коха”.
  • Секое заинтересирано правно и физичко лице во текот на јавниот повик може да достави иницијатива за изработка и донесување на урбанистичките планови од членот 7 став (1) точка 2 алинеи 2, 3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање.
  • Заинтересираните правни и физички лица иницијативите можат да ги достават во писмена форма преку архивата на Општина Бутел или во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам во горенаведениот рок.
  • Предмет на иницијатива може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички план.
  • За доставените иницијатии подносителите ќе бидат известени во електронска форма преку информацискиот систем е-урбанизам или во писмена форма, во рок од 15 работни дена од истекот на рокот за доставување на иницијативи.
  • Прифатените иницијативи се предвидуваат во годишната Програма за изработка на урбанистички планови на Општина Бутел.

 

 

                                                                                   ГРАДОНАЧАЛНИК НА

                                                                                 ОПШТИНА БУТЕЛ                                                                                                                       

                                                                                       Велимир Смилевски

 

 

МЛАДИТЕ ОД ОПШТИНА БУТЕЛ НА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ГРАД СКОПЈЕ

Како резултат на долгорочените активности во којшто беа вклучени учениците од основните училишта во општина Бутел во рамките на Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието, а организирани во соработка со Младински образовен форум, младите од Бутел остварија организирана средба со Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски и Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.
Поправање на клупите и поставување на корпи за отпадоци, збогатување на реквизитите и поставување на информативни табли се само дел од предлозите на младите од основните училишта од Општина Бутел за разубавување на Градскиот Парк во Скопје. Еден од недостатоците што го воочуваат младите е и недоволната грижа за хигиената на паркот. Токму затоа, предложија да се организира акција за чистење на каналите и езерата во паркот и потенцираа дека со голем ентузијазам би се вклучиле во волонтерски акции за разубавување на паркот
Градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов ја потенцираше заложбата на општината за подобрување на условите во Градскиот Парк и истакна дека Градот ќе ја поддржи иницијативата на младите за разубавување на паркот во претстојниот период. Исто така, тој ја потенцираше и посветеноста на општината да обезбеди поддршка за подобрување на меѓуетничката кохезија и за промовирање на граѓанската култура и демократско однесување на младите, во партнерство со Проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието. Минатата година, младите од Бутел организираа слична иницијатива и во својата општина, кога ги споделија своите предлози за подобрување на заедницата со градоначалникот на Бутел, Велимир Смилевски. Како резултат на таа иницијатива, учениците од ОУ „Живко Брајковски“ добија нов пешачки премин пред своето училиште.

 

 

ДЕВЕТНАЕСЕТТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА БУТЕЛ

Утре, 30.01.2019 г. (четврток), со почеток во 10,00 ч. Советот на Општина Бутел ќе ја одржи својата деветнаесетта седница. Советниците ќе расправаат по следниов дневен ред:

 

  1. Предлог-Програма за изменување и дополнување на Програмата (Ј) Комунални дејности на Општина Бутел за 2019 година.

 

  1. Предлог-Измени и дополнувања на Буџетот на Општина Бутел за 2019 година.

 

  1. Предлог-Одлука за изменување и дополнување на Одлуката за

извршување на Буџетот на Општина Бутел за 2019 година.

 

  1. Предлог-Одлука за утврдување на вредност на бодот за платите на

административните службеници за 2019 година.

 

  1. Предлог-Одлука за финансиско учество на Општина Бутел во

реализација на Проектот “Изработка на техничка документација за

реконструкција и проширување на ул.3 , ул.2 и дел од улицата од

населба Шуто Оризари до с.Горно Оризари” за 2019 година,согласно

Програмата за рамномерен регионален развој на Центарот за развој на Скопски плански регион.

 

  1. Предлог-Годишен план за енергетска ефикасност на Општина Бутел за 2019 година.

 

  1. Предлог-Одлука за утврдување на приоритет на проект за изведба на фото-волтаични (термални) централи на кровни површини.

 

  1. Предлог-Решение за изменување и дополнување на Решението за

именување на членови на Управниот одбор на ЈОУДГ “11 Октомври”-

Скопје.

 

  1. Предлог-Одлука за усогласување на постоечки организациони единици во подружници кои функционираат во состав на ЈОУДГ “11 Октомври “ Бутел-Скопје.

 

10. Предлог-Програма за волонтирање во Општина Бутел.

Здравје Радово

Градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски, денес оствари средба со претставници од компанијата „Здравје Радово“, г-дин Сашо Нефовски и г-ѓа Лидија Христова.
Повод за денешната средба е предновогодишната донација од која беа доделени 300 детски јакни, пакети со прехранбени производи за семејства од социјално ранлива категорија и пакети со јогуртчиња за сите ученици во основните училишта на територија на Општина Бутел.
Градоначалникот Смилевски ја истакна важноста на општествената одговорност на бизнис секторот во поглед на хуманоста кон социјално ранливите категории на семејства и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжат заедничките соработки од ваков карактер.
На крајот од средбата, Градоначалникот им додели благодарници на претставниците од “Здравје Радово” за предновогодишната донација и несебичниот ангажман за реализирање на истата.

 

 

 

Општина Бутел подготвена го дочека снегот, фрлени 3 тони сол

Општина Бутел оваа зима подготвено го дочека снегот. Општоната за оваа зимска сезона набави соларка и еден плуг за одржување на сервисните улици што се во надлежност на општината.

 

Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски соларката е со капацитет од 400 л. која е монтирана на едно од двете мини камиончиња. Со набавената механизација е направена добра инвестиција и се надева дека и следната година општината ќе има можност да набави уште едно возило и соларка со цел да се задоволат потребите на граѓаните во Општина Бутел.

 

Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски на улиците во Бутел во изминатите 3 до 4 денови редовно се чисти и фрлени се околу 3 тони сол и 3 тони песок.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека соларката, плугот и багерот се во вредност од околу 4 милиони 182 илјади ден. а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

 

УСАИД ВО АЦО ШОПОВ

Деновиве, за време на училишниот распуст, во ОУ ,,Ацо Шопов,, во н. Радишани владее работна атмосфера. УСАИД ,,влезе,, со 20 000 долари помош за реновирање на одредени делови во ова училиште.
Имено, до почетокот на второто полугодие ќе бидат заменети вкупно 26 врати. Најголемиот дел, 18 врати ќе бидат за училници, 4 врати и два прозори за соблекувалните во фискултурната сала, две врати за вецеата во соблекувалните, две влезни врати во топлиот ходник, кој ќе добие и нови подни плочки.
Во овие активности ќе се вклучи и Општина Бутел со комплетно молерисување на споменатите простории и ставање на нови плочки на ѕидовите околу водените јазли во училниците.

 

НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО КЛИМЕНТ

ОУ ,,Св. Климент Охридски,, во Бутел 1 доби нова пешачка патека. Имено, долго време од аголот на оградата на училишниот двор на улицата ,,Призренска,, учениците минуваа дијагонално преку средишниот дел на паркот во училишниот двор. Така го кратеа патот до главниот влез на училиштето избегнувајќи ја подалеку поставената главна капија.

Дивото патче сега е официјализирана пешачка патека долга 105 м. изградена од бекатон плочки.

Патеката ја изгради ОСД дооел Скопје, а средствата во висина од 215 340 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.###

 

   

 

РАБОТНО ВО ПЕНКО

 

Во ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, за време на зимскиот распуст, се реновира вториот кат во училиштето. Се менуваат 22 врати на училниците и кабинетите. Се вади ламперијата од ѕидовите на ходниците и се бојадисуваат со мрсна боја. Комплетно се молерисуваат ходниците и аулата на вториот кат.

За потсетување, првиот кат беше комлетно реновиран во текот на летото минатата година.

Исто така, се реновира и главниот влез во училиштето каде што се поставува нов бетон со површина од 400 м2.

Градежните работи ги изведува фирмата ,,ГИВ Груп,, и треба се да е готово до 20 јануари, до почетокот на второто полугодие.

Средствата во висина од 1 770 000 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.###

 

НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА НА ГОЛЕМ РИД

Деновиве, Општина Бутел ја заврши новата пешачка патека во населенето место Голем Рид. Всушност, станува збор за патека долга 200 м. од бекатон плочки, што ова населено место го поврзува со третиот влез на населбата Радишани.

Изведувач на работите е ОСД ДООЕЛ Скопје, а средствата во висина од 419,000 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.###