Активности|

Промоција и јакнење на пријателските врски помеѓу Република Северна Македонија и Босна и Херцеговина, воспоставување и продлабочување на соработката помеѓу Општина Бутел и Градот Мостар, се дел од одредбите содржани во Договорот што денеска беше потпишан во знак на континуирана волја за соработка и пријателство.

Градоначалникот на општина Бутел Велимир Смилевски и Радмила Комадина, директор на административната градска управа на Мостар со парафирањето на договорот се заложија за развивање и јакнење на врските помеѓу двата града и народите на двете држави, промоција и продлабочување меѓу Бутел и Мостар.

Во рамки на посетата на Меѓународниот Саем повод Денови на Црешата,Градоначалникот Смилевски оствари и средба со Претседателот на Советот на министри на Р.Босна и Херцеговина г-дин Денис Звиздич како и преставници на локалните самоуправи од Р.Србија и регионот

Comments are closed.

Close Search Window