Активности|

 Денеска, 06.06.2019 година, во големата сала на Општина Бутел беше отворен вториот Пролетен Базар2019 под покровителство на Општина Бутел,а во организација на Здружението на уметници ракотворци “АРТИ КРАФТ”-Скопје.

Градоначаликот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевскиво своето поздравно обраќање ги поздрави присутните и организаторите,и истакна дека општина Бутел и понатаму ќе остане покровител на вакви културни манифестации,преку кои на најмладите им се преставува етнолошкото и културно богаство на  нашата земја,и дека таа практиката на негување на културното наследство ќе ја продолжат токму најмладите.

На овогодинешната манифестација,на која беа изложени над 30-тина народни носии од Кумановскиот регион,односно од регијата на североисточниот дел на земјата, исто така беше збогатена со изложба на ракотворбите на гости уметници од Црна Гора,Албанија,Србија и Косово.

Свеченото отварање, исто така беше збогатено со настапот на играорците  од КУД “Плетеница” ,преку народни танци и изведба на македонски народни песни.

Вториот пролетен базар кој е во организација на Општина Бутел и Здружението” Арти Крафт” од Скопје, ќе биде отворен во периодот од 06.06 до 08.06.2019 година

Comments are closed.

Close Search Window