Month: January 2019

Здравје Радово

Градоначалникот на Општина Бутел г-дин Велимир Смилевски, денес оствари средба со претставници од компанијата „Здравје Радово“, г-дин Сашо Нефовски и г-ѓа Лидија Христова.
Повод за денешната средба е предновогодишната донација од која беа доделени 300 детски јакни, пакети со прехранбени производи за семејства од социјално ранлива категорија и пакети со јогуртчиња за сите ученици во основните училишта на територија на Општина Бутел.
Градоначалникот Смилевски ја истакна важноста на општествената одговорност на бизнис секторот во поглед на хуманоста кон социјално ранливите категории на семејства и изрази надеж дека и во иднина ќе продолжат заедничките соработки од ваков карактер.
На крајот од средбата, Градоначалникот им додели благодарници на претставниците од “Здравје Радово” за предновогодишната донација и несебичниот ангажман за реализирање на истата.

 

 

 

Општина Бутел подготвена го дочека снегот, фрлени 3 тони сол

Општина Бутел оваа зима подготвено го дочека снегот. Општоната за оваа зимска сезона набави соларка и еден плуг за одржување на сервисните улици што се во надлежност на општината.

 

Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски соларката е со капацитет од 400 л. која е монтирана на едно од двете мини камиончиња. Со набавената механизација е направена добра инвестиција и се надева дека и следната година општината ќе има можност да набави уште едно возило и соларка со цел да се задоволат потребите на граѓаните во Општина Бутел.

 

Како што информираше градоначалникот Велимир Смилевски на улиците во Бутел во изминатите 3 до 4 денови редовно се чисти и фрлени се околу 3 тони сол и 3 тони песок.

 

Градоначалникот Смилевски додаде дека соларката, плугот и багерот се во вредност од околу 4 милиони 182 илјади ден. а средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.

 

 

УСАИД ВО АЦО ШОПОВ

Деновиве, за време на училишниот распуст, во ОУ ,,Ацо Шопов,, во н. Радишани владее работна атмосфера. УСАИД ,,влезе,, со 20 000 долари помош за реновирање на одредени делови во ова училиште.
Имено, до почетокот на второто полугодие ќе бидат заменети вкупно 26 врати. Најголемиот дел, 18 врати ќе бидат за училници, 4 врати и два прозори за соблекувалните во фискултурната сала, две врати за вецеата во соблекувалните, две влезни врати во топлиот ходник, кој ќе добие и нови подни плочки.
Во овие активности ќе се вклучи и Општина Бутел со комплетно молерисување на споменатите простории и ставање на нови плочки на ѕидовите околу водените јазли во училниците.

 

НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА ВО КЛИМЕНТ

ОУ ,,Св. Климент Охридски,, во Бутел 1 доби нова пешачка патека. Имено, долго време од аголот на оградата на училишниот двор на улицата ,,Призренска,, учениците минуваа дијагонално преку средишниот дел на паркот во училишниот двор. Така го кратеа патот до главниот влез на училиштето избегнувајќи ја подалеку поставената главна капија.

Дивото патче сега е официјализирана пешачка патека долга 105 м. изградена од бекатон плочки.

Патеката ја изгради ОСД дооел Скопје, а средствата во висина од 215 340 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.###

 

   

 

РАБОТНО ВО ПЕНКО

 

Во ОУ ,,Петар Здравковски Пенко,, за време на зимскиот распуст, се реновира вториот кат во училиштето. Се менуваат 22 врати на училниците и кабинетите. Се вади ламперијата од ѕидовите на ходниците и се бојадисуваат со мрсна боја. Комплетно се молерисуваат ходниците и аулата на вториот кат.

За потсетување, првиот кат беше комлетно реновиран во текот на летото минатата година.

Исто така, се реновира и главниот влез во училиштето каде што се поставува нов бетон со површина од 400 м2.

Градежните работи ги изведува фирмата ,,ГИВ Груп,, и треба се да е готово до 20 јануари, до почетокот на второто полугодие.

Средствата во висина од 1 770 000 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.###

 

НОВА ПЕШАЧКА ПАТЕКА НА ГОЛЕМ РИД

Деновиве, Општина Бутел ја заврши новата пешачка патека во населенето место Голем Рид. Всушност, станува збор за патека долга 200 м. од бекатон плочки, што ова населено место го поврзува со третиот влез на населбата Радишани.

Изведувач на работите е ОСД ДООЕЛ Скопје, а средствата во висина од 419,000 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.###

 

РЕКОНСТРУКЦИЈА НА КАЧАНИЧКИ ПАТ

Општина Бутел ја започна реконструкцијата на дел од Качанички Пат. Станува збор за најоштетениот дел од околу 230 м. и широчина од 7 м. во близина на бензиската пумпа на Макпетрол.

На овој фрекфентен дел во индустриската зона во Визбегово ќе бидат изградени и тротоари, а ќе бидат поставени и 20 канделабри со 20 штедливи, натриумови светилки.

Градежните работи ги изведува ,,Филип Инженеринг,, од Скопје.

Средствата во висина од 3 291 000 ден. се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.###