УСАИД ВО АЦО ШОПОВ

Деновиве, за време на училишниот распуст, во ОУ ,,Ацо Шопов,, во н. Радишани владее работна атмосфера. УСАИД ,,влезе,, со 20 000 долари помош за реновирање на одредени делови во ова училиште.
Имено, до почетокот на второто полугодие ќе бидат заменети вкупно 26 врати. Најголемиот дел, 18 врати ќе бидат за училници, 4 врати и два прозори за соблекувалните во фискултурната сала, две врати за вецеата во соблекувалните, две влезни врати во топлиот ходник, кој ќе добие и нови подни плочки.
Во овие активности ќе се вклучи и Општина Бутел со комплетно молерисување на споменатите простории и ставање на нови плочки на ѕидовите околу водените јазли во училниците.