СОЛАРКА И ПЛУГ ЗА УЛИЦИ БЕЗ СНЕГ

Општина Бутел за тековната зимска сезона набави една соларка и еден плуг за одржување на сервисните улици што се во надлежност на Општината.

Соларката со капацитет од 400 л. ќе биде монтирана на едно од двете мини камиончиња, а за плугот е предвиден багер, за кого постапката е завршена, и на кој ќе биде монтиран плугот за чистење снег.

Градоначалникот Велимир Смилевски истакна дека индустриска сол е набавена за чистење на сервисните улици. За монтирање на плугот се очекува да пристигне багерот. Се разбира багерот ќе го користиме и за чистење на ѓубре од дивите депонии, како и за реката Серава, додаде градоначалникот.

Соларката, плугот и багерот се набавени преку фирмата ,,Матранчи Холдинг,, од Желино, во вредност од 379 000,00 ден.  за соларката и плугот, а багерот чини 3.803.352 ден. Или вкупно: 4.182.352 ден.

Средствата се обезбедени од буџетот на Општина Бутел.