СЕ ОДРЖА ОБУКАТА ЗА ОРГАНИЗИРАЊЕ РЕФЕРЕНДУМ НА ЛОКАЛНО НИВО

Денеска, 04.09.2018 г. во  Општина Бутел се одржа предавањето во врска со проектот: ,,Јакнење на капацитетите за спроведување на референдум на локално ниво,,. Присутни беа претставници на месните и руралните заедници. Вработени во општинската администрација и во образовните институции, како и претставници од невладиниот сектор.

Проектот беше поздравен од градоначалникот Велимир Смилевски, кој истакна дека во иднина ќе бидат реализирани референдуми на локално ниво за прашања кои се во надлежност на Општина Бутел, а се во интерес на нејзините граѓани.

Проф. д-р Дарко Спасевски од правниот факултет ,,Јустинијан Први,, од Скопје, во своето воведно излагање го претстави проектот  кој се однесува на општините што се во рамките на Град Скопје, и додаде дека идејата за негова реализација произлегла од претходно одржаните референдуми на локално ниво во повеќе општини, главно за рудниците, кои на крајот беа поништени од Уставниот суд на Република Македонија.

На темата ,,Како се организира референдум на локално ниво?,, предавање одржа Проф. д-р Ивана Шумановска Спасовска, исто така од  правниот факултет која во детали ја опиша важноста на локалните референдуми, какви видови на референдуми може има, законската процедура за нивно организирање и спроведување, терминологијата и др.

Инаку, проектот ,,Јакнење на капациетите за спроведување на референдум на локално ниво,, е во реализација на Институтот за стратешки истражувања  и едукација – ИСИЕ. Проектот е финансиран од Европската Унија.