ПРВООДДЕЛЕНЦИТЕ ВО СВЕТОТ НА БАЈКИТЕ ДОБИЈА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА

Денеска, среда, 26.12.2017 г. во големата сала на општина Бутел, се одржа новогодишната приредба за првоодделенците од седумте општински основни училишта.

По овој повод беше прикажана претставата ,, Во светот на бајките,, која кулминираше со доаѓањето на Дедо Мраз.

Градоначалникот Велимир Смилевски кој ги поздрави им подели  1000 пакетчиња на првоодделенците, им посака среќна нова 2019 година и весели божиќни празници. Се разбира, им посака и убаво да се одморат за време на зимскиот распуст, кој како што рече, посакува да им биде исполнет со игри и смеа.