ПОЧНА ЕСЕНСКОТО ЧИСТЕЊЕ ВО БУТЕЛ

Денеска, понеделник, 17.09.2018 г. почна есенското чистење во Општина Бутел. Екипи на јавните градски претпријатија ,,Комунална Хигиена,, и ,,Паркови и зеленило,, ја започнаа тридневната акција за чистење на улиците и тротоарите, косење на тревата на јавните површини, кастрење на сувите гранки од дрвјата и др. Од паркови и зеленило беше донесена и огромна корпа за хортикултурно уредување на зеленилото кај кружниот тек. Заради топлото време ќе се почека со садењето на зимските цвеќиња на кои им се потребни пониски температури.

Инаку, градоначалникот Велимир Смилевски изрази задоволство од стартот на оваа акција за чистење на Општина Бутел која ќе трае три дена. Исто така, падна договор со директорите на јавните претпријатие да се среди просторот долж улицата ,,Цетинска,, кај старите напуштени отпади.