ОТВОРЕН ЕСЕНСКИОТ БАЗАР 2018

 

Денеска во Општина Бутел, на платото пред споменикот на Никола Јонков Вапцаров, беше отворен вториот ,,Есенски базар 2018,,. Тој се одржува по повод 13 ноември, Денот на ослободувањето на Скопје. Градоначалникот, Велимир Смилевски најнапред положи свежо цвеќе на споменикотѕ на поетот и револуционер, НиколаЈонков Вапцаров, а потоа ги поздрави учесниците и посетителите на есенскиот базар. Тој истакна дека е убаво чувството кога се негува традицијата и кога им се оддава признание на вештите раце на ракотворците кои изработуваат прекрасни ракотворби.Свеченото отворање беше збогатено со настапот на учениците од ОУ ,,Ацо Шопов,, и играорците од КУД,,Плетеница,, како и со настапот на пеачката група на пензионерите од Општина Бутел.
На годинешниов есенски базар учествуваат повеќе од 20 ракотворци како од Македонија, така и од Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Албанија и од Косово.Оваа година, освен домашните ракотворби (везеници,плетеници, резби, накит ),посетителите на есенскиот базар можеа да вкусат и пити со тиква.Вториот есенски базар кој е во организација на Општина Бутел и Здружението,, Арти крафт,, од Скопје ќе биде отворен денеска и утре ( вторник и среда) од 10,00-18,00 часот.