ОДБЕЛЕЖАНИ 109 ГОДИНИ ОД РАЃАЊЕТО НА ВАПЦАРОВ

 

Денеска, 07.12.2018 г. во Општина Бутел се одржа манифестацијата ,,Чествување за Никола Јонков Вапцаров,, по повод 109 годишнината од неговото раѓање.

Градоначалникот Велимир Смилевски и бројни делегации од основните училишта, здруженија на граѓани и почитувачи на ликот и делото на Никола Јонков Вапцаров положија свежо цвеќе пред неговиот споменик.

Во поздравниот говор градоначалникот Смилевски истакна дека ликот и делото на Вапцаров треба да биде пример и поттик како за денешните така и за идните генерации. Говореше за неговата трагична смрт и борбата за слобода. Се осврна и на неговото поетско творештво кое е со европски квалитет. Вонсерискиот талент на Никола Јонков Вапцаров, додаде Смилевски, едноставно блика од секој негов стих во стихозбирките: ,,Моторни песни,, и во посмртно издадената поетска збирка ,,Антологија,,.

 

Потоа се одржа пригодна програма во која учениците од основните училишта рецитираа поетски творби од Вапцаров, а КУД ,,Никола Јонков Вапцаров,,, кое годинава одбележува 40 години од постоењето, ги исполни ората: ,,Тешкото,, и ,,Тресеница.