НОВ ПАРК ПО ПОВОД СВЕТСКИОТ ДЕН ЗА ЧИСТЕЊЕ

Денеска, петок, 14.09.2018 г. Општина Бутел по повод и во пресрет на Светскиот ден на глобалното чистење (15 септември), почна со средување на просторот помеѓу пазарот и маркетот ,,Рептил,,. Станува збор за едно запуштено место или ничиј простор, од аспект на грижата, кој сепак, беше видлив од сите страни. Затоа превземена е акција од страна на вработените во Општина Бутел, да се стават рабници за симболично оградување на просторот од околу 170 м2. Внатрешниот дел во кој има неколку повеќегодишни дрва, хортикултурно ќе се уреди, а ќе биде поставена и урбана опрема.

Градоначалникот Велимир Смилевски посочи дека е добро што има вакви денови кога не само што го чистиме и средуваме просторот околу нас, туку ја јакнеме и ја подигаме свеста на вработените и на граѓаните на Општина Бутел.