ЗАВРШИ ПРВАТА ДЕТСКА ОЛИМПИЈАДА

Петок, 05.10.2018 г. во Општина Бутел се одржа првата ,,Детска Олимпијада,, за дечињата од градинките на нејзина територија.

Детските спортски игри се оджаа по повод ,,Неделата на детето,, но и во пресрет на патрониот празник на ЈУ Градинка ,,11 Октомври,,.

На спортската олимпијада учество зедоа над 200 дечиња од сите 6 објекти (клонови) на ЈУ ,,11 Октомври,,.

Дечињата се натпреваруваа во следните екипни спортски игри: Протнување, прерипување на пречки, скокање во обрач, хулахопот се движи, колут, качување по скали и влечење на јаже.

Најмалите спортисти во Општина Бутел, цело време беа бодрени од многубројната публика од родители, баби и дедовци, учителки, а најмногу од градоначалникот Велимир Смилевски кој беше покровител на оваа исклучителна манифестација.

Сепак,  во бодрењето најгласни беа младите спортисти кои во минатото биле згрижени и растени во градинката ,,11 Октомври,, како што се Ана Јаневска – младинска рекордерка на Мекедонија во пливање, Кристијан Гурмишевиќ – македонски младински ракометен репрезентативец и др.

На крајот сите беа победници и затоа добија по еден златен медал од градоначалникот Велимир Смилевски. Тој воедно им посака секогаш да бидат трудољубиви, да го сакаат спортот и да ги следат успесите на присутните младински спортски репрезентативци, кои се веќе гордост на Општина Бутел.