ВРАБОТЕНИТЕ ВО ОПШТИНАТА НА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ

Денеска, петок, 14.09.2018 г. вработените во Општина Бутел се приклучија во одбележувањето на Светскиот ден на глобалното чистење (15 септември).

Вработените во општинската администрација, заедно со градоначалникот Велимир Смилевски, ја чистеа поблиската и пошироката околина на општинската зграда ( околу амбулантата, споменикот и паркот, паркинзите, пазарот, училиштето, градинките, трговскиот центар и.т.н). Вработените во Оштината беа поделени во осум групи и чистеа на веќе споменатите локации. За два часа колку што траеше акцијата беа наполнети повеќе десетици големи најлонски кеси со смет, кој беше расфрлен по тротоарите на улиците, паркинзите, јавните површини и во дворовите на јавните институции.